01 Мај, 2024
0.0262

Тронот на Меркел се тресе-„германскиот Трамп“ во предност

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалдемократската партија СПД изби на првото место по популарност во Германија, а ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел не е на врвот по прв пат од 2006 година.

СПД бележи раст на популарноста откако го избрала поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц за свој кандидат на претстојните избори.

Според податоците на истражувањето „Емнида“, да се денеска изборите , за СПД би гласале 34 отсто од Германците, додека ЦДУ и нејзината сестринска партија ЦСУ добиле 33 отсто од гласовите.

Од тој процент разликата е многу значаен податок дека партијата на Шулц за само четири недели скокнала за дури 12 проценти.

Нервозата во редовите на владеачката коалиција неодамна ја покажа и министерот за финансии Волфганг Шојбле, кој во свој стил, без влакна на јазикот го предупреди Шулц дека се „однесува како германски Доналд Трамп“ и дека невнимателно ја користи популистичката реторика.

Додуша, сличноста на Шулц со новиот американски претседател и не е толку јасна.

Без разлика на тоа, резултатите од анкетата претставуваат дополнителен притисок на донеодамнешната неприкосновена Меркел, која го брка“ својот четврт мандат на чело на Германија со ЦДУ/ЦСУ.

Поддршката на актуелната канцеларка опаѓа и во сопствените редови, бидејќи многумина од баварскиот дел на „големото сестринство“ (ЦСУ) отворено ја критикуваат нејзината политика кон бегалците и одлуката од 2015 година да се отворат вратите за сите.

Како што пренесува Политико резултатите од „Енмида“ се уште еден аргумент да му се верува на Политбарометарот на германскиот ЗДФ, кој наведува дека 49 отсто од Германците сметаат дека Шулц би требало да биде нов канцелар, додека зад Меркел би застанале 38 отсто од гласачите.

Германските избори се закажани за септември и претставуваат еден од најважните политички настани во Европа оваа година.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург