15 Мај, 2024
0.0295

Стартува со работа новата домашна фабрика „Максигард“ - ќе правиме маски кои ќе бидат достапни за граѓаните

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Здравствената криза некогаш знае да биде и предизвик за бизнисот. Да се направи корисна работа за сограѓаните, и во исто време тоа да биде мудар и исплатлив деловен потфат. 

Во време кога домашната економија се бори со еден од најголемите предизвици и ризици, има и бизнисмени кои решија да инвестираат. Еден од нив е Глигор Цветанов, на јавноста познат како сопственик на веќе познатиот бренд во областа на прехранбената индустрија „Винчини“. Сега, заедно со уште двајца свои деловни партнери, Орце Јовановски и Никола Цветановски, исто така стопанственици, решава да се испроба и во друга дејност, до пред неколку месеци можеби непозната и неочекувана за никого, а тоа е производството на маски.

А приказната гласи некако вака. Во услови на досега невидена економска и здравствена криза, тројца пријатели од Виница одлучија да вложат свои лични средства и ја основаа „Максигард“, нова фабрика за производство на маски. 

Во фабриката во моментов се одвива пробната продукција, а со редовно производство треба да стартува веќе од наредната недела.

„Целта на основањето на ‚Максигард' доо Виница е првенствено во овој момент компанијата да даде придонес во заштитата на населението и вработените во институциите и стопанството од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања и инфекции преку понуда на безбедни, достапни, квалитетни и поевтини маски“, вели Орце Јовановски, управител и извршен директор на „Максигард“.

Познато е дека откако „нападна“ коронавирусот, се појави голем недостиг на заштитни маски на пазарот. Со тоа и нивната цена отиде многу нагоре, па за населението заштитните маски станаа скапи и недостапни. 

„Пуштањето на оваа домашна фабрика доаѓа во вистински момент кога е најнеопходно да се заштити населението и бизнисите. Целта е, со капацитетот кој моментално е проектиран на пет милиони маски месечно, ‚Максигард' да ги направи заштитните маски достапни за секого по прифатлива цена. Заштитните маски мора да се достапни за секого, а цената на заштитната маска од најдобар квалитет и прва класа во малопродажба мора да биде во ранг на 5 до 8, но не повеќе од 10 денари“, објаснува Јовановски.

Висината на инвестицијата во првата фаза е околу 150.000 евра, кои се обезбедени од сопствени средства на основачите. Очекувањата се дека оваа инвестиција, согласно со потребите и пласманот, во следните шест месеци ќе се зголеми најмалку двојно. 

Фабриката е лоцирана во Виница, во халите на поранешниот текстилен гигант „Трико“, што значи дека станува збор за браунфилд инвестиција. 

Во овој момент таа на Виница и донесе осум нови отворени работни места, но плановите се дека оваа бројка ќе биде зголемена до триесет нови вработувања.

„Заштитните маски кои ‚Максигард' доо Виница ги произведува се сертифицирани со сите сертификати за квалитет кои се потребни за продажба на домашниот и на странските пазари. Компанијата деновиве се сертифицира со ISO9001 стандард за менаџмент со квалитет и ISO13485 стандард за производство на медицински помагала, а заштитните маски се со CE знак за извоз во Европската унија, по Европска норма EN14683“, потенцира Јовановски Цветанов. 

Компанијата планира првично да го задоволи домашниот пазар со квалитетни и евтини маски, а вишокот на капацитет ќе оди за извоз на околните пазари, како и во Европската унија.

Јовановски додава дека заштитните маски Максигард се трослојни, со висок степен на заштита и филтрација, а воедно се и антиалергиски, лесни и пријатни за носење и дишење и се со комфорен и прилагодив дизајн за прицврстување и прилагодување на лицето. На пазарот ќе се продаваат во три вида на хигиенско и практично пакување, од по 5 и по 10 маски во целофан и по 50 маски во хромокартонска кутија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?