14 Декември, 2025
0.0574

Трифун Костовски му ја продава Еуролинк осигурување на Граве?

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019 07:02

Добивај вести на Viber

Граве Осигурување го купува Еуролинк осигурување, дознава Фактор од доброупатени извори. Според информациите, компанијата со стопроцентен австриски капитал во целост ќе ја преземе осигурителната компанија на Трифун Костовски која моментно ја држи втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување. Еуролинк е позната домашна осигурителна компанија која е во целосна сопственост на GOFI-Group of Finance and investment SA, швајцарскиот инвестициски фонд на познатиот домашен бизнисмен Костовски.

Колку вреди купопродажбата, зошто газдата на Еуролинк се одлучил на ваква постапка, детали треба да дадат евентуалните одговори на прашањата кои Фактор ги испрати во двете осигурителни компании.

Продажбата на Еуролинк, сепак би следувала по најавата за продажба на Еуростандард банка во која ГОФИ на Костовски поседува 50 отсто од капиталот, а останатите се на фирмата E.H.H. Eastern Hemisphere Holding SA која исто како и ГОФИ е регистрирана во швајцарскиот град Мелиде. Впрочем на крајот на септември годинава, Комерцијална банка објави дека ја разгледува можноста да ја купи банката на познатиот скопски бизнисмен поради што веќе биле остварени и контакти меѓу раководствата, заради првична размена на информации. Сепак од Комерцијална тврдеа дека ова не треба да се толкува како официјална намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје. Од Еуростандард пак потоа истакнаа дека се расположени за продажбата.

Еуростандард банка, минатата година ја заврши со загуба од 6,33 милиони евра. Банката има намалено пазарно учество по основ на нето приходи од камати, има многу голем раст на резервациите за кредитни пласмани во услови кога се намалени кредитните пласмани, а бележи раст на депозитите. Дали евентуалната продажба на Еуролинк има некаква врска со продажбата на Еуростандард и кои се плановите на бизнисменот Костовски со неговите компании овде, останува да се види во следниот период.

Еуролинк постои од 2002 година кога Трифун Костовски, преку својот инвестициски фонд GOFI – Group of Finance and Investment SA, од Швајцарија, заедно со уште три странски друштва од Италија и од Швајцарија, одлучи да влезе и во овој бизнис на домашниот пазар. Во 2009 година тој ги презема акциите од другите основачи, па неговиот фонд остана единствен акционер на друштвото.

Според показателите, бруто-полисираната премија за првите шест месеци изнесува над 580 милиони денари што е за 7 проценти повеќе на годишно ниво.

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100 процентен сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAWE од Грац. Во Македонија постои 12 години.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји