ТРИФУН КОСТОВСКИ ИМ ВРАТИ НА ШТЕДАЧИТЕ: Претеравте кон мене и моето семејство, ние загубивме најмногу - и парите, и образот
Објавено во: Финансии 09 Декември, 2020
Откко штедачите од пропадната Еуростандард банка денеска излегоа со остра реторика кон Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски, кој ќе управува со нов фонд за приватни инвестицски фондови, тој денеска преку својот нов фејсбук профил им одговори на штедачите.
Им порача дека не треба да бидат толку сурови кон него и неговото семејство, туку дека треба да бидат на истата страна и да бараат одговорност од институциите.
„Почитувани, ја разбирам вашата болка и трагедија, дека загубивте нешто што сте го печалеле цел живот. Ве молам да не бидете толку сурови во казнувањето на мене и мојето семејство. Вие изгубивте, ама јас и моето семејство загубивме најмногу. Покрај парите - и образот.
Наместо да бидеме од истата страна барајќи од институциите да се зафатат со овој организиран криминал, Вие барате жртви во мене и моето семејство.
Мислам дека претеравте“, им порача Трифун Костовски на штедачите.