26 Април, 2024
0.0258

ТРИЕСЕТ ГОДИНИ ИМАМ ИСТА ТЕЖИНА - Ирена Спировска ја открива тајната на младешкиот изглед

Објавено во: Стил 31 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

- Годините треба да ги носиме со гордост, а не да ги прикриваме, е девизата на нашата позната водителка Ирена Спировска, која оваа година ќе наполни 49 години. Умереноста и здравиот живот ѝ помогнале на Ирена 30 години да ја има истата тежина.

- Никогаш не сум имала проблем со килограмите, но откако знам за себе внимавам да не претерувам со конзумирање на мрсна и висококалорична храна. Месо не јадам повеќе од една деценија, не пијам газирани сокови, избегнувам да јадам леб и пецива од бело брашно. Триесет години ја имам истата тежина. Конзумирам многу овошје и свеж зеленчук, сакам едноставни јадења кои брзо се подготвуваат и кои не бараат претерана термичка обработка на храната за да се сочува нутритивната вредност на состојките“, ни раскажа Ирена, која важи за една од најубавите и најелегантните жени од јавните личности кај нас.

- Кога чувствувам глад наместо разни грицки јадам суво и јаткасто овошје кои не само што го задоволуваат апетитот туку се и многу здрави и корисни за организмот. Благо јадам умерено и не многу често, а црното чоколадо ми е најчесто дел од дневното мени кога чувствувам потреба за благо“, ни раскажа Спировска. Последниот период, таа е ангажирана со снимањата на емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа, која ја води со колегите Адријана Алачки и Благоја Грујовски.

Повеќе детали на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти