28 Март, 2024
0.0282

ТРИ СТАНА ВО СКОПЈЕ, ВОЗИЛО, НО И ЗАЕМ И КРЕДИТ - каков имот поседува новиот владин генерален секретар

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Без да остави воопшто и период дежурните политички кулоари да почнат да нагаѓаат кој ќе го замени Мухамед Зекири на местото генерален секретар, откако против него беше отворена истрага и заврши во притвор, по што и експресно си поднесе оставка од функцијата и беше разрешен, Владата го именуваше Методија Димовски за нов прв човек на оваа позиција.

Фактор веќе објави детали за професионалниот пат на Методија Димовски. За него е познато дека бил член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштитата на здравје на луѓето, од август 2017 година. Тој е роден во 1966 година во Скопје. Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки.

Во повеќе од дведецениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на земјава, во меѓународни организации, но и како независен консултант.

Со оглед што станува збор за значајна државна функција, Фактор го погледна имотниот лист на новиот владин генерален секретар, Методија Димовски, при што треба да напоменеме дека станува збор за неговата стара имотна состојба, односно неговиот анкетен лист е сеуште оној што го пополнувал кога стапил на функцијата член на Инспекцискиот совет.

Каква е неговата имотна кондиција сега не можеме да знаеме, бидејќи новвиот анкетен лист на Димовски, кога стапил на функцијата генерален секретар на Владата, сеуште не е објавен на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Секој државен функционер има рок од еден месец по именувањето да го пополни и достави својот анкетен лист до Антикорупциска, по што антикорупципонерите треба да го објават на веб страницата на комисијата, со цел тој податок да биде видлив за сите заинтересирани граѓани.

Според тој анкетен лист  може да се види дека Методија Димовски поседува три стана, и сите три се во главниот град на државава. Сите три стана се пријавени како заеднички имот.

Првиот стан е во Скопје и има 50 метри квадратни, а неговата вредност, како што стои во анкетниот лист, е 2,46 милиони денари, односно 40 илјади евра. Тој стан е стекнат со договор за наследство, во 2013 година.

Вториот стан се наоѓа исто така во Скопје и има 101 метри квадратни, а неговата вредност е 3,93 милиони денари, односно близу 64 илјади евра. Овој стан новиот владин генерален секретар го купил, односно го стекнал со договор за купопродажба, и тоа во 2006 година, а и тој е наведен како заеднички имот.

Од недвижен имот Димовски има уште еден стан, исто така наведен како заеднички имот. Овој стан е стекнат во 2017 година, и има 74 метри квадратни, и чини 4,3 милиони денари, односно близу 70 илјади евра. 

Тука не завршува листата на недвижен имот на Димовски. Тој поседува и земјоделско земјиште во селото Црник, во вредност од 200.000 денари, кое е наведено како негов личен имот и има површина од 3.570 метри квадратни, а него го стекнал како подарок, стои во анкетниот лист.

Во истото село Димовски има уште еден личен недвижен имот, и тоа куќа со двор од 300.000 денари, од 234 метри квадратни, која исто така е стекнта со договор за подарок.

Од подвижен имот, пак, како имот на деца, Димовски пријавил возило пежо од 240 илјади денари, кое е купено, односно е стекнато со договор за купопродажба.

Како негов личен имот, пак, во анкетниот лист е наведено дека Димовски поседува и возило Цитроен Ксара, од 150 илјади денари, исто така купено.

И, уште едно возило, и тоа Пежо 508, вредно над 800 илјади денри, го краси анкетниот лист на Димовски. И за овој дел од возниот парк на Димовски, е наведено дека е стекнато со договор за купопродажба.

Како банкарски депозити Димовски пријвил имот на брачен другар, и тоа трансакциона сметка, потоа денарски депозит од 61.300 денари како имот на деца, и уште една трансакциска сметка како имот на деца.

Потоа, во неговиот анкет лист се наведени уште две трансакциски сметки како личен имот, стекнати на друг начин.

Но, новиот владин генерален секретар има и долгови, кои се наведени како негов личен имот.

Односно, Димовски има заем од 550.000 денари, од 2017 година.

Но, во неговиот анкетен лист е наведен и кредит од 2.500.000 денари, односно близу 41 илјада евра, кој датира од 2006 и ќе го отплаќа до 2026 година, што значи дека е веќе при крајот на исплатата.

Инаку, надвор од анкетниот лист, во 2020 година се пишуваше дека Димовски напишал Прирачник за примена на Законот за инспекциски надзор, кој се продаваше за цена од 2.400 денари и им беше понуден на сите инспекциски служби во државата. Димовски не гелдаше ништо спорно во тоа, туку рече дека добил хонорар за пишувањето кој го пријавил во УЈП.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија