03 Мај, 2024
0.0273

Три компании во трка за ФЕНИ - Швајцарците веќе направија увид

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во игра за преземање на ФЕНИ се вкупно три компании од кои швајцарскиот инвестициски фонд ФОС Асет Менаџмет веќе имаше можност да изврши увид во состојбата на фабриката ФЕНИ во Кавадарци заедно со претставници на трите банки доверители кои имаат побарувања од 40 милиони евра. 

Комерцијална банка, Стопанска банка АД Скопје и Силк Роуд Банка како што посочија и претходно ги увериле и работниците и синдикатот дека најдобро решение за нивната и иднината на ФЕНИ е да влезе сериозен инвеститор кој од старт е подготвен да вложи најмалку 20 милиони евра за да гарантира отплата на долговите, да ги покрие тековните трошоци за одржување на ФЕНИ кои изнесуваат околу 125 илјади евра неделно, како и да им ги исплати сите плати на вработените. 

Покрај „Швајцарците“ во трка за преземање на ФЕНИ се и една британска фирма и една со француско-израелски капитал. Секако, тука е и Енекод кој и натаму може да покаже дека е сериозен во намерите да го преземе ФЕНИ како што Кунико актуелниот управител на фирмата тврдеше дека е договорено, да ги исполни условите поставени од банките доверители, да понуди посериозна финансиска гаранција и да презентира квалитетен бизнис план кој на долг рок ќе создаде услови за развој на ФЕНИ.

Увидот во ФЕНИ беше побаран од страна на трите банки, а одобрен од управникот на предстечајната постапка Мирослав Анастасиевски.Претсечајниот управник Мирослав Анастасиевски вели дека во оваа фаза нема овластувања ниту да преговара со инвеститори, ниту за нив да споделува информации во јавност.

Според прогнозите на Хари Костов овој процес може да заврши побрзо единствено доколку Енекод на рочиштето закажано за 29 ноември не се обиде да изведе нов трик за да дојде до одложување. Банките тврдат дека не гледаат реални напори кај Енекод да инвестира, ниту пак кај Кунико навистина да ја продаде компанијата за 1 евро. Ниту пак, мајката фирма на Кунико е подготвена да си покрие долговите, напротив банкарите се сомневаат дека вршат одложување на постапките за да си наплатат испорачани фактури, па дури и во некоја идна постапка да покажат побарувања кон фирмата мајка на Кунико за извлечат дополнителни пари. 

Тоа што малку се говори во период кога се кршат копјата околу тоа кој ќе биде нов сопственик на ФЕНИ е како компанијата била толерирана да работи без да поднесе завршна сметка што е законска обврска и да ги продава сите произведени количини и резерви со што практично ФЕНИ е „пресушен“. Од Владата пред речиси еден месец најавија дека ќе следи пообемна реакција на соодветни органи на истрагата и прогонот но, засега нема конкретни информации за било какви чекори преземени кон раководството на ФЕНИ и кој дозволил да биде доведен до ваква положба.


Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите