Три години затвор за возачот кој ја усмрти Викторија Николова кај Сити Мол
Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 10:27
Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија Николова кај Скопје Сити Мол, доби затворска казна од три години, одреди Кривичниот суд во денешната одлука. Олеснителна околност за него е дека го признал делото, изртазил каење и бил млад со 23 години, како и дека не бил осудуван до сега и дека се уште е студент.
Возачот беше обвинет за тешки тела против безбедноста и имотот од сообраќајот, а претходно ја призна вината.
Осуден е како виновен затоа што на 20.01.2022 кога управувал Циторен Ц4 со возилото се движел по средната сообраќајна лента и кога дошол на раскрсницата на која имало семафор кој работел со трепкаво жилто светло и бил исклучен од програм, не ја приспособил брзината.
Не се придржувал по таа ситуација и бил должен но не обврнал внимание на пешаците. Возачот го управувал возилото со недозволена брзина од 67 километри, односно за 13 поголема од максимално ограничената брзина на одбележан пешачки премин.
Бил должен, но не се доближувал со доволно умерена брзина за да не ги загрози пешаците кои стапиле на пешачкиот премин и со предниот дел удрил во покојната Викторија Николова и во нејзиното момче Леонид Даов.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




