14 Декември, 2025
0.0381

ТРГОВЦИТЕ СО ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА НА СВЕЖИТЕ ПРОДУКТИ – маржите за зеленчукот скоро 50 проценти, за овошјето малку пониски

Објавено во: Економија 13 Март, 2025 10:14

Добивај вести на Viber

Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Тие извршиле анализа на маржите на продуктите за изминатите десетина години и утврдиле дека маржите повеќе се зголемувале до 2017-2018 година, по што следува период на стагнација на маржата.

- Зголемување на маржите се бележи во првата половина на набљудуваниот период, до 2017 година, потоа бележат намалување до 2021, по што тие се задржуваат до 2024. Карактеристично е што низ целиот период, маржите на зеленчукот се конзистентно над маржите на овошјето, што може да значи дека зеленчукот има пофлексибилни или поисплатливи малопродажни услови. Зеленчукот забележува и поголема хетерогеност на маржите во однос на овошјето скоро во секоја од анализираните години. Ова може да укажува дека промените во цените или добивката кај зеленчукот во 2024 година се посилни од оние кај овошјето, и дека постои поголема разлика во однос на претходните години – се наведува во нивната анализа.

Аналитичарите исто така утврдиле негативната корелација помеѓу маржата и големопродажната цена, па така кога големопродажните цени на поскапите овошја и зеленчуци растат, маржите на трговците се помали, односно се намалуваат. Ова, според аналитичарите на Институтот може да биде резултат на висока конкуренција или еластичност на побарувачката, која ги принудува трговците да ги намалат маржите за да ја задржат потрошувачката.

- Трговците на зелените пазари можеби ја прилагодуваат својата ценовна стратегија за да останат конкурентни, без да го зголемуваат трошокот за потрошувачите, кога станува збор за поскапите овошја и зеленчуци, како и за оние кои забележуваат раст во големопродажните цени – се укажува во анализата на „Фајненс тинк“.

Според нивното истражување, пазарната моќ на малите трговци на зелените пазари е ограничена, а ценовните притисоци кои доаѓаат од големопродажбата не се пренесуваат целосно на крајните потрошувачи. Аналитичарите сметаат дека ова се должи на високото ниво на конкуренција на зелените пазари, каде што функционираат многу индивидуални продавачи со ограничена способност да диктираат цени.

-  Покрај тоа, зелените пазари се карактеризираат со ниски влезни бариери за нови трговци, што овозможува поголема динамичност и ценовна флексибилност. Исто така, потрошувачите имаат можност за директна споредба на цените, што врши дополнителен притисок врз продавачите да останат конкурентни. Наместо тоа, трговците често апсорбираат дел од трошочниот притисок што доаѓа од големопродажбата преку намалување на нивните маржи, што дополнително го засилува аргументот за висока конкуренција– се посочува во анализата.

Потоа укажуваат дека според резултатите зелените пазари не се значаен извор на дополнителен инфлациски притисок и дека вниманието на креаторите на политики треба да биде насочено кон други сегменти на пазарот на коишто се продава овошје и зеленчук – малопродажните маркети и откупните пунктови (земјоделец – големопродажба), каде што можеби постои поголема концентрација на пазарна моќ и потенцијално поагресивно однесување на учесниците во синџирот на снабдување.

Неодамна Државниот пазарен инспекторат изрече казни за осум правни субјекти се затворени во траење од 15 дена, а притоа им беа изречени ипарични казни бидејќи не ги почитувале владините мерки за скалесто ограничување на маржите. Директорот на пазарната инспекција Влатко Стојкоски по двонеделните проверки во кои беа опфатени 365 малопродажни објекти и 64 големопродажни откри дека казнетите компании имале и до 70 проценти бруто профитна маржа за некои продукти.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година