29 Април, 2024
0.0262

Третина од вработените Македонци на минималец: заработуваат под 110 денари на час !

Објавено во: Анализа 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За овој четврток решивме да ви презентираме неколку податоци од Евростат т.е. од Европската статистичка база. Ќе започнеме со една табела која ни дава показатели од 2010 година, а е објавена пред некој ден и зборува за тоа колку луѓе во Европа се минимално платени. Секако секоја земја има различен репер за минимална саатнина, кај нас тоа се 1,7 евра по час. Да погледнеме: Како што гледате ситуацијата не е многу јасна ниту во развиените земји. На пример во Германија повеќе од 20% од вработените заработуваат под 620 денари на час, што е тамошен репер за подплатен работник. Е сега потребно е поголемо истражување на пример да се утврди дали 600 денари таму вредат како 100 денари тука, но сепак ова покажува дека Германците навистина се конкурентни и поради помалите трошоци за труд споредено со другите држави. На пример во Шпанија близу 15% од работната сила е платена минимално. Интересно, Бугарите имаат 22% од вработените кои земаат помалку од 60 денари на час. И нормално како што гледате огромни 28,3% од нашите вработени имаат саатнина помала од 110 денари.Шведска се потврдува дека по полно параметри е лидер во Европа и светот и како што гледате и покрај големите даноци, опфатот на државата во БДП и сл параметри за кои се обвинувани дека не се доволно капиталистички настроени таму само 2,5% од вработените работат за минимална саатнина. Да погледнеме сега кој до каде е во ЕУ од аспект на развиеност мерена по БДП: Гледате дека постојат големи разлики во самата Унија од аспект на тоа кој до каде до она што се нарекува просек. Италија (а тука е и Шпанија) се на просекот од ЕУ по БДП по жител. Луксембург има 2,71 пат поголем БДП од просекот во Унијата додека моторот на ЕУ и најголемата економија има 21% поголем БДП по жител. Доколку се знае колкаво е  учеството на Германија во целата ЕУ економија, ова е одличен успех. Од регионот на Југоисточна Европа сеуште има големо заостанување, Словенците се најблиску, додека ние заедно со Србија и Босна значително заостануваме. Овие податоци покажуваат дека навистина треба уште доста да работиме за да се доближиме до некаков приближен просек. Наредната табела ќе ни покаже колку пари праќаат работниците кои работат во ЕУ, но не во нивните матични земји: Големи 39 милијарди евра се праќаат во форма на дознаки  и тоа претежно надвор од ЕУ. Овие се оние трансфери кои ги крепат малите економии како нашата. Парите кои нашите иселеници кои работат во ЕУ ги праќаат во Македонија се дел од овие 28 милијарди евра. Да видиме од каде се пуштаат најмногу пари Франција е земја каде што работат најдарежливите мигранти. 9,6 милијарди евра годишно се одлеале од оваа земја по основ на трансфери. Италија и Шпанија иако се во криза сепак имаат пари да плаќаат голем број на работници и од двете земји се излезаваат високи 15 милијарди евра. Забележувате дека има голем одлив и од Грција, додека оние кои работат во Шведска не се баш расположени за трансфери и дома вратиле само 21 милион евра. Редакција Фактор