Трендафилов: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк
Објавено во: Економија 03 Март, 2025 12:33
Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,на денешната прес-конференција рече дека функционерите од овој месец ќе добијат повисоки плати согласно пресметката за просечната плата во 2024 и им порача да го прифатат предлогот за минимална плата од 30.000 денари.
- Ако некој еднострано одлучи да ја отфрли иницијативата за зачувување на животниот стандард на работниците, ние можеме да донесеме еднострана одлука за штрајк,се закани лидерот на ССМ.
Побара до средината на март да има почетен разговор на ниво на Економско-социјалниот совет, за сметководителите да имаат време да ја пресметаат мартовската плата. ССМ бара на редовното зголемување на минималната на плата од 24.400 денари, да се додадат уште 6.000 денари,со тоа што за таа разлика работодавците да не ги плаќаат социјалните придонеси.- Во март треба да се донес еодлуката. ССМ водеше дебата, разговори, преговори со сите засегнати страни. Денес сите зборуваат за зголемување на минималната плата и субвенциионирање на придонеси.
Денес до пратеничките групи ќе поднесеме предлог за законот и одлука за утврдениот износ да се зголеми за 6.000 денари дополнително во приватниот и јавниот сектор При тоа субвенционирањето на разликата од зголемената сума за придонесите да трае 12 месеци.
Платите се толку во опкружувањето и регионот денес.Пратениците како што беа сложни да ги сочуваат трошоците за превоз, да изгласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари.Имаме енеромно зголемување на цените и месечна синдикална кошница која се зголеми за една година за 6.000 денари, рече Трендафилов.
Синдикалниот лидер додаде дека државата може да се откаже, доколку така и одговара, од зголемените придонеси, ако не сака да ги субвенционира.
Можеби ќе ве интересира
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?




