Трендафилов: Како Пазарен инспекторат да ги спроведува мерките на Владата, кога немаат добиено плата?
Објавено во: Економија 23 Април, 2025 13:49
Слободат Трендабилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска брифираше за тоа кои се работници од јавниот сектор не ја добиле мартовската плата и ги повика да излезат на организиран протест за време на празникот.
- Утринава моите податоци се дека се уште не ја добиле платата во Министерството за економија и труд, вработените во Државниот пазарен инспекторат, кои треба да ги спроведува мерките на Владата и кои треба да ги контролираат нефер-трговските практики и нефер-трговците, според моите сознанија, немаат добиено плата.
Вработените во дел од Јавното обвинителство немаат добиено плата, вработените во „Водостопанство“, каде што имаше голем удар над работниците да се зачленат во друг синдикат, се уште ја немаат добиено својата плата и нема ниту изгледи кога ќе ја добијат.
Има и други низа институции во јавниот сектор кои ја немаат добиено платата. Ако не се лажам, претпладне ја добив информацијата дека и Државниот инспекторат за труд нема исплатено плата а треба да помага најмногу на работниците и да ги спречува неправилностите за исплаќањето на платите, рече Трендафилов.
Синдикалниот лидер порача дека не се испочитувани до крај ниту колективните договори и тоа го аргументираше со мотив повеќе за вработените да излезат на протестниот марш на 1-ви Мај.
- За жал, работниците во образованието не го добија зголемувањето од 12,6, добија мизерни 7 проценти. Вработените во образованието не го добија за последниот месец тоа такво мало покачување од 5 проценти. На голем број работници од јавниот сектор не им е исплатено зголемувањето од општиот колективен договор од 12,6 проценти,туку добиле линеарно зголемување од 7 отсто, што е само 1.800 денари според усогласувањето со минималната плата, смета тој.
Трендафилов апелираше до Владата да се држи до договореното, затоа што адвокатските тужби од страна на работниците и судските решенија, како што рече, ќе го чинат државниот буџет многу повеќе.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




