20 Декември, 2025
0.0933

ТРЕБА ЦЕЛА ГОДИНА ЗА ЦЕЛОСНО ОЗДРАВУВАЊЕ ОД КОВИД: Британските научници објавија студија за пост-хоспитализација

Објавено во: Свет 17 Декември, 2021 12:47

Добивај вести на Viber

Експертски тим од научници од Велика Британија по спроведена студија во земјата објавија дека едвај 30 проценти од пациентите кои болнички се лекувале поради компликации од корона вирусот, изјавиле дека се чувствуваат целосно оздравени дури по една година. Британски Гардијан, повикувајќи се на студијата од научниците пишува дека помалку од една третина од пациентите целосно закрепнуваат во рок од 12 месеци по отпуштањето од болница.

Како што се развиваше пандемијата, сè поголем број истражувања открија дека ковид-19 не само што предизвикува здравствени проблеми на краток рок, туку има и долгорочни последици. Студијата покажува дека многу од оние кои имале симптоми подолг период по хоспитализацијата покажале мало подобрување.

– Само еден од тројца пациенти се чувствува целосно закрепнат во рок од една година – рече Рејчел Еванс, една од ко-авторите на студијата за пост-хоспитализација за ковид-19 спроведена под покровителство на Биомедицинскиот Национален институт за здравствени истражувања (NIHR) во Лестер.

„За жал, не видовме подобрување по една година кај пациентите, вели Еванс.

Учесниците опфатени во студијата биле групирани во еден од четирите „кластери“: многу тешки симптоми, тешки симптоми, благи симптоми и оние со други умерени симптоми. Додека оние од „благата“ група пријавиле околу четири симптоми во просек, оние во многу тешката група пријавиле околу 20.

Студијата не може да ја докаже причината за тековните симптоми и ја нагласи потребата од пристапи за подобрување на менталните и физичките оштетувања кај пациентите. Крис Брајтлинг, професор по респираторна медицина на Универзитетот во Лестер и главен истражувач на студијата, рече дека тимот се обидува да утврди дали автоимунитетот може да биде двигател, додавајќи дека антиинфламаторните лекови би можеле да се тестираат за да се види дали помагаат за подобрување.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја