14 Декември, 2025
0.1214

„ТРАНСПАРЕНТНО ДА СЕ ОБЈАВИ ЦЕЛИОТ ДОГОВОР“: Левица остро кон ВМРО за промената на ставот кон „Бехтел и Енка“

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2024 14:16

Добивај вести на Viber

Договорот за изградба на автопатските делници со конзорциумот „Бехтел и Енка“ продолжува да ја бранува јавноста, само што сега се променети позициите. 

Денеска на оваа тема се огласи опозициската „Левица“, кој токму тоа го потенцираа. 

- Додека партискиот шеф, а сега - премиер, Христијан Мицкоски, во предизборниот процес често го критикуваше Договорот со Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, новопечениот министер за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, најави дека ќе продолжи да го реализира договорот потпишан од СДСМ за изградбата на Коридор 8 и 10д, што од партијата го класифицираа како „недомаќински и душмански“ чин - напиша „Левица“ во соопштението испратено до медимите. 

Од таму додаваат дека „ова не е ништо ново, кога е во прашање соработката на ДПМНЕ и СДСМ по однос на расфрлањето со народни пари!“

- Обратен процес се случуваше во 2018 година, кога под закани за тужби и пенали се форсираше гасоводот низ Водно - делница која беше проектирана и договорена во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а се изведе (со извесни компромиси) во времето на СДСМ, но остана неповрзана. Гас никогаш не протече низ неа и после 6 години. Битно, парите од кредитот се потрошија, проектантите, изведувачите и сите заинтересирани си ги добија парите, а народот доби само едно големо НИШТО за кое сега го отплаќа на рати и камати. Потсетуваме дека и тој договор беше класифициран и строго држен во тајност, иако јавноста никогаш не разбра ЗОШТО.

Имајќи го ова предвид и знаејќи ги изјавите на министерот Николовски, постои основана опасност коридорите 8 и 10Д да доживеат слична судбина како гасоводот или, пак, автопатот Кичево-Охрид. Од сето ова, засега е реализирано само одредени индивидуи да си ги нафатираат своите џебови, без притоа граѓаните воопшто да бидат консултирани преку правење незаконски таен договор, тежок милијарди, за којшто данокот ќе го плаќаат идните генерации - нагласуваат од „Левица“. 

Додаваат дека правењето договори зад затворени врати и далеку од очите на јавноста се покажа како крајно штетно! Дополнително, ДПМНЕ и ЗНАМ ја продолжуваат соработката зад затворени врати, нетранспарентно и далеку од очите на јавноста и во стилот на СДС и ДУИ ја продолжуваат соработката со Американско-турскиот конзорциум. 

- Во јавноста може да се насети договарање нови суми и планирање нови трошоци на грбот на народот, додека за истите слушаме по некој закриен детаљ во разни изјави.

Левица бара во сето ова да се одбере поинаков пристап, а тоа е ТРАНСПАРЕНТНО ДА СЕ ОБЈАВИ ЦЕЛИОТ ДОГОВОР, да се раскине истиот, доколку се утврди неговата штетност и да се отпочне истрага за исправноста и оправданоста на истиот! Со таква истрага може да се докажат оправданите сомневања на јавноста дека повторно е издаден народниот и интересот на Република Македонија! Наместо спроведување на Договорот, доколку со истиот е направена штета, треба да биде прекинат и да се поднесе одговорност, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата! 

Реализацијата на истиот не претставува ништо друго, освен соучесништво - нагласуваат од партијата. 


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија