14 Декември, 2025
0.0519

ТРАМП ВОВЕДУВА ЦАРИНИ, ЕВРОПА ВОЗВРАЌА, А КОЈ ПОБЕДУВА? Како трговската војна влијае на европските работници и компании?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 10:36

Добивај вести на Viber

Увозните тарифи наметнати од претседателот на САД се неоправдани, велат од Европската конфедерација на синдикати и ја повикуваат Европската унија да одговори со мерки кои ќе ги заштитат работните места и индустријата.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто за странскиот челик и алуминиум ќе има негативни последици за европските работници и компании, бидејќи Америка е втор најголем пазар за производители на челик од Европската унија, оценува Европската конфедерација на синдикати, пренесува порталот „Независност“ на Обединети гранкови синдикати.

По најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека ЕУ ќе ги заштити своите компании и вработени од последиците на новата американска тарифна политика, ETUC рече дека ЕК мора да соработува со синдикатите во создавањето соодветни мерки за да се избегне понатамошен притисок врз работните места и компаниите, како и врз инфлацијата.

Како што јави британски Би-Би-Си, ЕУ посочи дека нема да дозволи царините на Трамп да го загрозат нивниот извоз на челик и алуминиум. Европскиот „премиер“ Фон дер Лајен најави „енергични, пропорционални контрамерки“. Ова беше прва реакција на Брисел откако американскиот претседател нареди увозна такса од 25 отсто на целиот увезен челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, елиминирајќи ги царинските ослободувања за нејзините сојузници, вклучително и Канада и Европската унија.

„Ова е голема работа, почеток на повторното збогатување на Америка. Нашата нација бара челикот и алуминиумот да се произведуваат во Америка, а не во странски земји“, рече Доналд Трамп потпишувајќи ја прогласот за новите царински мерки. САД се најголемиот увозник на челик и алуминиум во светот, а негови главни добавувачи се Канада, Бразил и Мексико.

Во такви војни нема победници.

ЕКС рече дека „покрај одговорот на непосредната закана, приоритет мора да биде создавање на проактивна европска индустриска политика поддржана од постојан механизам за инвестирање“. Во овој контекст, ЕКС потсетува дека минатата недела десетици илјади работници демонстрираа во Брисел барајќи акција од ЕУ за спас на европските индустрии од кризата што се заканува да резултира со губење на 100.000 работни места во компании како Audi, Volkswagen, Thyssenkrupp, Northvolt...

Заменик генералниот секретар на ETUC, Клас Микаел Стал, истакна дека „нема победници во трговските војни“.

„Заедно со нашите членки ги проучуваме конкретните последици за европските работници, но веќе е јасно дека овие (американски) неоправдани царини негативно ќе влијаат на квалитетот на работните места и на најранливите категории луѓе многу повеќе работници во САД“, предупреди Стал.

Ставот на ETUC е дека вработените го чувствуваат целиот товар од секоја трговска војна, поради што работниците мора да бидат во центарот на одговорот на Европската унија на растечката глобална несигурност. Тоа значи дека ЕУ мора конечно да воспостави проактивна индустриска политика која ќе биде поддржана со неопходни инвестиции, директива за праведна транзиција и грижа за секој работник.

Еуправозато

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји