Трамп нокаутираше валути, берзите спобудалеа
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016
Eдна валута доживеа рекорден пад кога шансите за Доналд Трамп за влез во Белата куќа пораснаа.
Се работи за мексиканскиот пезос кој забележа рекордно ниска вредност кон доларот, во страв дека победата на Трамп тешко ќе ја погоди економијата на таа земја.
Пад од 13 отсто го турна песозот под 20 за еден долар, во панична распродажба.
Тоа би можело да ги натера властоте во Мексико да ги подигнат каматнте стапки како би ја стабилизирале валутата во состојба кога постои можност Трамп да ги исполни предизборните ветувања и навистина да подигне ѕид кон Мексико и да ја поремети трговијата меѓу двете земји.
Берзите во САД слушнаа дека Трамп води, акциите паднаа
Вредноста на акциите во САД паднаа со вестите дека Доналд Трамп има водство во некои клучни сојузни држави за победа на изборите, јави Блумберг.
Во електронското тргување американскиот берзански индекс Стандард енд Пур 500 падна за 1,9 отсто.
Во Азија јужнокорејскиот Коспи паднал 0,8 отсто, хонгконгскиот Ханг Сенг 0,7 отсто, шангајскиот композитен индекс 0,7 отсто, а јапонскиот Никеи 225 1,2 от
Раните резултати кои покажуваа дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон води во гласањето, претрпеа пресврт и Трамп го освои местото во Белата куќа. Евентуалната победа на Трамп се очекуваше со страв од пазарите, иако беше потценета како веројатност во деновите пред гласањето.
Откако гласањето на Американците сепак го направи Трамп претседател, пазарите реагираа бурно и очекувано - со поскапување на златото, поевтинување на доларот и нафтата, како и на фјучерсите на американските акции.
Доларот загуби 1,55% во однос на еврото, нафтата од своја страна загуби 1,74%.