ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2025 21:46
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“ отколку веднаш да се стремат кон мир, откако германскиот канцелар, Фридрих Мерц, го повика да го зголеми притисокот врз Русија.
Трамп изрази сомнежи за потенцијалниот успех на мировните преговори, велејќи дека „понекогаш е подобро да ги оставите да се борат некое време, а потоа да ги разделите“.
Американскиот претседател рече дека му рекол на рускиот колега Владимир Путин дека двете земји се како „две мали деца кои се борат како луди во парк“.
Трамп ветуваше дека брзо ќе ја заврши војната во Украина која трае повеќе од три години, но тоа не се случи.
Украина деновиве уништи руски бомбардери, детонираше експлозив на Кримскиот мост, а медиумите јавуваат и за саботажа на пруга.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација објавува дека утрово, поради експлозија на експлозивна направа непосредно пред да помине возот, оштетена е железничка пруга во регионот Воронеж“, се вели во соопштението.
Украинците тврдат дека за прв пат уништиле моќен балистички систем „Искандер“.
Претходно, се урнаа и два моста, за што Русија смета дека Украина извршила саботажи.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




