ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ ПРИТИСОК ВРЗ РУСИЈА: Ќе му треба помош од Саудиска Арабија и ОПЕК
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2025 20:28
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата. Tој е изненаден затоа што тоа не го сториле пред изборите.
„Не покажаa многу љубов, тие не го направија тоа. Бев малку изненаден од тоа. Ако цената падне, војната меѓу Русија и Украина ќе заврши веднаш”, вели Трамп.
Сега цената е доволно висока за да се продолжи војната.
„Можеме да ставиме крај на војната”, додаде тој.
Трамп рече дека Украина е спремна за договор. Тој денеска изјави дека сака наскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да ја запре војната меѓу Русија и Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска предупреди дека победата на Русија над Украина ќе ја поткопа силата за одвраќање на најголемиот светски воен сојуз и дека враќањето на нејзиниот кредибилитет може да чини илјадници милијарди евра. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




