ТРАМП ГРАДИ НОВ СОЈУЗ – ЧИПОВИТЕ НА NVIDIA ВО ЦЕНТАРОТ НА НЕГОВАТА ТУРНЕЈА: ОАЕ има прелиминарен договор за увоз на 500.000 најнапредни полупроводници
Објавено во: Свет 15 Мај, 2025 10:16
Доколку сите предложени договори за чипови со земјите од
Заливот, а особено со ОАЕ, се реализираат, регионот би станал трета сила во
глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција, по САД и Кина.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да ја заврши кратката посета на Катар во со говор пред американските трупи пред да отпатува за Обединетите Арапски Емирати, каде што лидерите на земјата се надеваат на помош од САД за да ја направат богатата земја од Персискиот Залив глобален лидер во вештачката интелигенција.
САД имаат прелиминарен договор со ОАЕ што им овозможува годишно да увезуваат 500.000 од најнапредните чипови за вештачка интелигенција на Nvidia, почнувајќи од оваа година.
Договорот би поттикнал изградба на центри за податоци во земјата, кои се клучни за развој на модели на вештачка интелигенција. Но, договорот предизвика загриженост за националната безбедност во различни делови од американската влада, па затоа условите би можеле да се променат, велат изворите.
За време на четиридневната посета на Трамп на земјите од Персискиот Залив беа потпишани низа економски договори, вклучувајќи договор со „Катар ервејс“ за купување до 210 авиони „Боинг“ со широк труп, обврска на Саудиска Арабија да инвестира 600 милијарди долари во САД и 142 милијарди долари во „голема“ продажба на американско оружје на кралството.
Трамп во вторникот ненадејно објави дека САД ќе ги укинат долгогодишните санкции врз Сирија, а потоа се сретна со сирискиот привремен претседател Ахмед ал-Шара.
Во Абу Даби, Трамп ќе се сретне со лидерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Вештачката интелигенција веројатно ќе биде во фокусот на последната етапа од патувањето на Трамп. Меѓу стравувањата на администрацијата на Бајден беше дека вредните полупроводници ќе бидат пренасочени кон Кина и ќе ја зајакнат воената моќ на Пекинг.
Трамп го постави подобрувањето на односите со некои земји од Персискиот Залив како клучна цел на неговата администрација. Доколку сите предложени договори за чипови со земјите од Заливот, а особено со ОАЕ, се реализираат, регионот би станал трета сила во глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција, по САД и Кина.
EPA-EFE/Hamad Al KaabiМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




