14 Декември, 2025
0.1000

Трамп го возвраќа ударот, негов соработник објави фотографии од голиот Хантер Бајден со проститутки

Објавено во: Свет 09 Јуни, 2023 12:21

Добивај вести на Viber



Нов „хит“ на Џо Бајден во пресрет на претседателските избори во САД - Илјадници фотографии од неговиот син, на кои е прикажан гол, како се дрогира и има секс со проститутки.

Пред неколку дена, екстремно десничарскиот „интернет активист“ и поранешен советник на Доналд Трамп - кога тој беше претседател на САД - Гарет Зиглер, најави дека ќе постави 10.000 украдени датотеки на Интернет - меѓу нив и илјадници засрамувачки фотографии од Хантер Бајден – син на Џо Бајден – да му даде до знаење на „американскиот народ што всушност е првото семејство на САД“.

Циглер тогаш изјави дека е во процес на уредување на сликите и „замаглување на гениталиите на Хантер Бајден и женските лица“.

Сега, преку екстремно десничарската непрофитна организација Марко Поло, Зиглер на веб-страницата bidenlaptopmedia.com постави 8.864 фотографии од синот на американскиот претседател, на кои - меѓу другото - е прикажан гол, како се дрогира и има секс со проститутки.

Сè уште има семејни фотографии на Хантер Бајден, како и слики кои содржат приватни информации како банкарски податоци и броеви за социјално осигурување, но тие се дигитално уредени.

Досиејата биле на украдениот лаптоп на Хантер Бајден. Фотографиите се датирани помеѓу 2008 и 2019 година и се направени од различни локации вклучувајќи ги Хаваи, Кина, Лондон, Париз, Рим и САД.

„Работата број еден што нè интересира е вистината и транспарентноста“, изјави 28-годишниот Зиглер за Fox News Digital (исто така „про-Трамп“).


Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала