18 Декември, 2025
0.0867

ТРАМП ГО НАРЕЧЕ ТРУДО ГУВЕРНЕР: Тој обвини дека преку слабеење на економијата САД сака да ги анектира

Објавено во: Свет 04 Март, 2025 20:03

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи откако канадскиот премиер Џастин Трудо го потврди воведувањето на контрацарини против САД.

„Ве молиме објаснете му на канадскиот гувернер Трудо дека кога ќе воведе контрацарини на САД, нашите царини веднаш ќе се зголемат за истиот износ“, рече Трамп.

Тој постојано го нарекува Трудо „гувернер“, што е во согласност со неговите напори да ја направи Канада 51-та држава на САД.

На полноќ стапи на сила долгонајавуваната царина од 25 отсто на Трамп за Канада и Мексико, заедно со нова царина од 10 отсто за Кина.

Tрудо рече дека Канада планира да ги оспори „незаконските дејствија“ на САД со поднесување барање за решавање спор до Светската трговска организација, предупредувајќи дека Вашингтон го прекршил канадско-американскиот договор за слободна трговија.

Тој најави дека Канада ќе ги задржи царините за американските стоки додека САД не ги отстранат царините. Потврди дека разгледува и други опции за одговор освен контратарифи доколку Трамп не отстапи.

Трудо призна дека ова ќе биде тешко време за Канада, но смета дека најважно е Канаѓаните да останат обединети. Тој повтори дека Канаѓаните се „повредени, лути и фрустрирани“. Трудо вели дека Трамп сака слабеење на канадската економија за да може полесно да ја анектира Канада. 

Се осврна и на фактот дека американската национална химна била исвиркана на хокеј натпревар во Канада. Тврди дека свирежите не биле насочени кон американските хокеари, туку кон американската политика.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина