ТРАМП ДО ЗЕЛЕНСКИ: Mоже да избере мир или да ја продолжи војната уште три години пред да ја изгуби целата земја

Објавено во: Свет 23 Април, 2025 19:43
Избери мир или изгуби ја целата држава, му порача американскиот претседател Доналд Трамп на украинскиот колега, Володимир Зеленски.
Трамп тврди дека договорот е „многу блиску“, но го критикуваше Зеленски и го повика да ја „заврши работата“.
„Никој не бара Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако го сака назад – зошто не го бранеа пред единаесет години, кога беше предаден на Русија без ниту еден куршум? Имаше големи руски бази во таа област со децении пред „предавањето на Обама“. Овие запаливи изјави, како оние што ги даде Зеленски, се причина зошто е толку тешко да се постигне мир. Тој нема со што да се пофали! Ситуацијата за Украина е многу тешка, може да избере мир или да ја продолжи војната уште три години пред да ја изгуби целата земја“, пишува Трамп.
Според мировниот план на Трамп за ставање крај на војната во Украина објавен од американските медиуми, САД официјално ќе го признаат рускиот суверенитет над анектираниот Крим.
Но, Зеленски кажа дека нема да ги признаат окупираните територии како руски.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека средбата на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија, САД и Украина е откажана бидејќи не се согласуваат за клучните прашања. Тој рече и дека за преговорите сега се објавуваат лаги во медиумите.
Можеби ќе ве интересира
РОЈТЕРС КОНТРА ТРАМП: еве каде се направени сликите за кои тврдеше дека докажуваат геноцид врз белците во Јужна Африка

ЗАПЛЕНЕТИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КРИПТОВАЛУТИ - Европол разби голема хакерска мрежа: „ГО ПОГОДИВМЕ ИЗВОРОТ“

БЕЛАТА КУЌА СО НОВ УДАР ЗА ХАРВАРД - му го одзема правото да образува меѓународни студенти

ТРИ НАЈПОПУЛАРНИ СПОРТСКИ КОМПАНИИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ - омилените парчиња обувки и облека ќе чинат значително повеќе

(ВИДЕО) КЕРОЗИН ИМА НАСЕКАДЕ: Мал авион се урна во населба во Сан Диего, се запалија 15 куќи

ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Овој град досега беше во сенка на познати метрополи

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 6.1 СТЕПЕНИ И ТАТНЕЖ: Жителите на Крит се разбудија во страв

„ТИ СИ УЖАСЕН НОВИНАР, НЕ СИ ДОВОЛНО ПАМЕТЕН“: Трамп со остри зборови - ХАОС во Овалната соба, камерата сними СÈ! (ВИДЕО)
