ТОТАЛЕН ХАОС ВО РЕГИОНОТ: нема струја, температурата 40 степени, не работат семафорите, и во Албанија има проблеми

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2024 13:43
Во Црна Гора, делови од Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија има голем прекин на електричната енергија. Тоа се случува во моментот кога топлотниот бран во регионот е на својот врв, а температурите во некои градови се искачуваат и до 40 степени. Според првите информации, прекинот на електричната енергија во регионот е предизвикан од дефект во Црна Гора, што доведе до последици и во други земји.
Според порталот Индекс, Далмација останала без струја околу 12:25 часот.
Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови, па се чини дека струја нема во цела Далмација.
Семафорите не работат, регионот е во колапс
Во Сплит не работат семафорите поради што дојде до колапс во сообраќајот. Струја нема во ниту еден дел од Албанија. Во Сплит постојано се слушаат сирени за итните служби, јави Хина.
Како што веќе објавивме, проблемот настана во Црна Гора, каде речиси цела земја е без снабдување со електрична енергија.
Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).
Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем. Не се знае кога проблемот би можел да се реши.
Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина, а тамошните власти не ги соопштија причините.
Врвот на топлотниот бран
Во Босна и Херцеговина и Хрватска денеска се очекува врв на топлотниот бран и максималната температура на воздухот ќе достигне 40 степени, а на места на хрватското приморје температурата и во текот на ноќта не се спушти под 30 степени.
Тропска ноќ ќе биде регистрирана и во повеќе региони - минималната температура ќе се задржи над 20 Целзиусови степени, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина. Небото ќе биде облачно поради присуството на сахарски песок, пренесува Срна.
Од средината на денот во Босна и Херцеговина ќе има засилена облачност од запад, која ќе услови врнежи од дожд и врнежи главно на север и северозапад. Врвот на топлотниот бран денеска се очекува и во Хрватска, каде вчера беа забележани рекордни температури за овој период од годината. Така, во Сплит изнесуваше 38,5 степени, што го надмина претходниот јунски максимум од 38,1 степени Целзиусови од 2003 година.
Денеска се очекуваат уште повисоки температури. Во Далмација може да биде околу 40 степени. И беше топло во текот на ноќта како и во раните утрински часови, пренесува Индекс. Во Дубровник температурата речиси цела ноќ не се спуштила под 30 степени, а во 6 часот наутро била дури 32,7 степени.
И за Македонија и Црна Гора за денеска се најавени максимални температури до 40 степени.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот
