ТОП 10 ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2021: Гас за парно, ископ на јаглен, опремување на театар
Објавено во: Економија, Анализа 03 Јануари, 2022 07:30
Договорот на БЕГ преку ТЕ-ТО да купи природен гас за парно греење од 70 милиони евра на два дена пред Нова Година е најголемата јавна набавка остварена во 2021. Тендерот е склучен по сума од 4,32 милијарди денари, а за овие пари ќе се купат 38 милиони нормални кубни метри гас.
Дека цената на природниот гас во денешните околности е многу зголемена покажува и фактот што БЕГ од ТЕ-ТО на крајот од 2020 и 2019 купувал многу повеќе природен гас - 63 милиони нормални кубни метри, за многу пониски суми - 817 милиони денари, односно 1,33 милијарди денари.
На второто место е договорот помеѓу јавното претпријатие Државни патишта со градежното претпријатие Илинден Струга за 24 милиони евра. За оваа сума треба да се поврзе Кичево со Дебар и да се скрати времето за патување.
На третата позиција е сума од нешто повеќе од 23 милиони евра за внатрешно опремување на објектот во кој ќе бидат сместени новиот театар и библиотеката во Тетово. За оваа втора фаза ангажирана е НБ-Компани Доо Тетово.
На четвртото и петтото место се набавките на моноклонална биолошка и таргет терапија од Др Пановски за 22 милиони евра за две години и договорот со „Марковски компани“ кој за сума од речиси 19 милиони евра, во ек на скапа електрична енергија на надворешниот пазар, треба по оваа цена заедно со ЕСМ да пронајдат 1.450.000 тони јаглен на две локации.
На шестата позиција следува градежното претпријатие „Жикол“, кој го доби договорот од Град Скопје за изградба на три раскрсници во вредност од 1.138.612.544, односно за приближно 19 милиони евра. Раскрсниците се градат помеѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“, помеѓу „Никола Карев“ и улицата „Словенечка“, како и помеѓу „6 Септември“ и улица „Скупи“.
Во Топ-10 како договорен орган по втор пат се јавува ЕСМ со ангажирањето на „Пелистер“ за 12,8 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола. Договорот беше постигнат во јуни. Во „пакет“ во ист ден со посебни договори во јуни се ангажирани за ископ и Марковски компани и Руд-Коп. Двете компании се ангажирани кај РЕК Битола за иста сума од по 11,6 милиони евра.
И Министерството за здравство е втор пат на ранг-листата со набавката на инсулинот и преостанатите материјали за целокупното население за две години. За 12,65 милиони евра тендерот го доби Феникс Фарма.
Интересно е тоа што во Топ-10 нема место за Државната изборна комисија, која со набавката на системот за идентификација на отпечатоци од прст, склучи договор од 11 милиони евра со германски „Дермалог“.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




