14 Декември, 2025
0.3343

Тони Стојановски, коментаторот на мечот Грузија - Македонија: Не сум член на ниту една партија, говорот дојде сам од срцето

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020 12:04

Добивај вести на Viber

Тони Стојановски, коментаторот кој предизвика катарза во јавноста со својот говор на синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Северна Македонија, по кој нашата фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на Европското првенство, за „Фактор“ вели дека тоа што го искажал не било однапред подготвено и било кажано од срце.

Тој вели дека не верува дека ќе биде казнет за начинот на кој го коментираше телевизискиот пренос од победата против Грузија во Тбилиси, ниту пак дека имало политичка позадина во сето тоа.

- Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, ни рече Стојановски.

ТВ-коментаторот на националниот сервис вели дека во она што го искажал немало ниту партиска, ниту политичка позадина, ниту пак дека добил некакви инструкции од раководството на „Мкедонската радиотелевизија“.

- Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Како што вели Волтер - човек без партија е ништо, но партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и крајот немаше да биде искажан да не победеше репрезентацијата. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат, вели Стојановски.

Тврди дека од секогаш бил во добри односи со менаџерскиот тим на телевизијата, за кој вели дека не се меша во неговата работа.

- Менаџњерскиот тим секогаш ја поддржува мојата работа, дури и во времето на претходната власт. Тоа е истиот менаџерски тим, кој постојано има разбирање за нашата редакција и ни дава слобода работите да ги искажеме и тогаш и сега на свој начин. Мене искрено ми е жал што од некои не е препозната патриотска, туку некаква партиска димензија. Тука имаше величење на „Македонизмот“ низ етничка призма,но победата на фудбалерите и начинот на кој што тие фумкционираат во репрезентацијата, е чекор кон формирање политичка нација според принципите на татковците на француската буржоаска револуција од 1789 година, смета тој.

Самиот признава дека направил пропуст во тоа што не ја споменувал географската одредница „Северна“ во официјалното уставно име на земјата, но и дека тоа во овој период не е дефинирано во делокругот на неговото работење.

- Никогаш не сум споменал „Северна“, затоа што тоа за мене не е прифатливо! Се уште има рок на прилагодување. а соседот воопшто не направил ниту еден чекор во таа наљсока, вели тој.

За крај порачува дека љубовта кон татковината останува вечна, додека партиите може да згаснат во кое било време.

- Македонштината во моето срце е поголема од сите партии, кои може да згаснат во кое било време, но љубовта кон татковината ќе остане да постои, тврди Стојановски.

А.К.

(Одредени изјави коишто беа напоменати во нашиот првичен текст се променети во однос на првичниот текст, на барање на соговорникот)

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина