14 Декември, 2025
0.0445

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2024 14:44

Добивај вести на Viber

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во наредните години и низ идните предизвици. Со ова успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одборна НЛБ Банка Скопје од денеска, 3.09.2024.

„Длабоко сум почестен од укажаната доверба на Надзорниот одбор и на Народната банка да бидам назначен за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Оваа Банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивирани натаму да го унапредувамсо интегритет и посветеност. Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни.“ - истакнуваТони Стојановски во својата прва изјава по стапувањето на функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.

За прв човек на НЛБ Банка Стојановски беше именуван од Надзорниот одбор на Банката на 10 јунигодинава. Во очекување на одобрението на Народната банка, од почетокот на јули, тој ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор.  

За потсетување, на челната позиција на НЛБ Банка, Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде 15 години беше член на Управниот одбор на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка на Република Северна Македонија. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќе-децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија