14 Декември, 2025
0.0411

„Том Лејк“ од Ен Пачет е топол и емотивен роман за семејството, љубовта и созревањето

Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2024 10:47

Добивај вести на Viber

Една од најочекуваните книги оваа лето, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот дебитираше на првото место на листата бестселери на фикцијата на „Њујорк тајмс“ и се најде во топ изборот на клубот на читатели на Рис Витерспун, а добива и позитивни рецензии од сите релевантни медиуми. И тоа со добра причина! Станува збор за прекрасна, топола и емотивна приказна за семејството, за љубовта и за созревањето, со која Ен Пачет уште еднаш докажува дека е една од најдобрите американски писателки.

Дејството е сместено во пролетта 2020 година, во време на пандемијата со КОВИД-19. Трите ќерки на Лара се враќаат во семејниот овоштарник во северен Мичиген. Додека собираат вишни, тие ја молат мајка им да им ја раскаже приказната за Питер Дјук, познат актер со кого таа пред многу години ја делела сцената и била во страсна врска додека биле ангажирани во театарската компанија наречена „Том Лејк“. Додека Лара се присетува на минатото, нејзините ќерки ги преиспитуваат своите животи и односот со мајка им и се принудени одново да размислат за светот и за сè она што мислеле дека го знаат.

„Том Лејк“ е медитација за младешката љубов, брачната љубов и животите што родителите ги имале пред раѓањето на децата. И надежно и елегично, истражува што значи да се биде среќен, дури и кога светот се распаѓа. Како и во сите нејзини романи, Ен Пачет комбинира привлечна наративна уметност со продорен увид во семејната динамика. Резултатот е богата и оптимистична приказна, раскажана со длабока интелигенција и емоционална суптилност, со што Пачет покажува зошто е еден од најпочитуваните книжевни таленти кои работат денес.

Ова е приказна за различни видови љубов: страсна љубов, сигурна љубов и за љубовта на мајката и нејзините ќерки. Романот има своја аудиоверзија на англиски јазик, која ја чита оскаровката Мерил Стрип.

Книгата „Том Лејк“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија