19 Јануари, 2025
0.0234

ТОЈ Е ВО АЛБАНСКИ ЗАТВОР: Грк е избран за европратеник

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Грк кој е во затвор во Албанија стана европратеник. Фреди Белери, етнички Грк кој беше избран за градоначалник на албанскиот приморски град Химаре откако заврши во затвор, ќе биде пратеник во Европскиот парламент како кандидат на владејачката партија во Грција, Нова демократија. 

Весникот „Катимерини“ објави дека Белери освоил над 236.000 гласови и се наоѓа на четвртото место меѓу 21 избран европратеник од Грција.

Кампањата во негово име ја водеше неговиот син Леонардо. Апсењето на Белери ги засили тензиите помеѓу Албанија и Грција. За Грците, Белери е политичка жртва, додека Албанија го поврзува со вооружена побуна на грчкото малцинство.

Белери беше кандидат за градоначалник на Химаре, но беше уапсен два дена пред изборите во мај лани, на кои што победи со само 19 гласа разлика. Тој од март служи двегодишна затворска казна за купување осум гласови за сума од 40.000 албански леки (390 долари).

Јакнењето на екстремната десница, слабеењето на францускиот претседател Емануел Макрон, неизвесната иднина на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, падот на германските екологисти и големата излезност ги одбележаа изборите за Европскиот Парламент(ЕП). Центристичката листа на Макрон  освои 15 отсто од гласовите, по што тој го распушти Собранието и закажа предвремени избори.

Фото Катимерини

Можеби ќе ве интересира

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?

ОСОМНИЧЕНА Е ЗА ТЕШКО УБИСТВО: Уапсена е мајката на детето по кое се трага во Загреб

ОСОМНИЧЕНА Е ЗА ТЕШКО УБИСТВО: Уапсена е мајката на детето по кое се трага во Загреб