Тодоров: Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2023 19:02
Според екс министерот за здравство, Никола Тодоров, во земјава ќе се реализираат уставните измени.
Вели дека Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот, но прашањето е дали тоа ќе се случи пред или после избори.
„Во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО-ДПМНЕ најдолго време во опозиција“, вели Тодоров за Слободен печат.
Тодоров, поранешниот висок фукнкционер во ВМРО-ДПМНЕ и министер во владата на Никола Груевски, нема речиси никакви дилеми дека Македонија ќе продолжи на „патот кон Запад, што одамна го имаме одбрано“, а дека сѐ останато е резултат на некој „инает предизвикан од моментното незадоволство од политичките елити“.
Опозицијата е против внесувањето на Бугарите во Уставот. Бугарија може да го попречи европскиот пат на земјава ако не се случат уставните измени.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




