05 Декември, 2025
0.0340

ТОЧНО Е ДЕКА КОМИСИИТЕ ЗА ТРГОВСКИ БРЕНДОВИ И ЗА ИСТОРИСКИ ПРАШАЊА ИМААТ ЗАСТОЈ - на средбата Пендаровски - Сакеларопулу договорено Преспанскиот да се исполни до последна буква

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2021 13:04

Добивај вести на Viber

Има позитивен тренд на севкупните билатерални односи помеѓу двете држави, но постои и потенцијал за понатамошно зајакнување на соработката на секое поле. 

Ова меѓу другото било констатирано на тет-а-тет средбата меѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, која се одржа денеска во Атина, по што се одржа и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Беше изразено задоволство дека двете држави го оставија минатото зад себе и се фокусирани кон иднината. На средбите, претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката од Хеленската Република која станува еден од најгласните поддржувачи на нашата интеграција во Европската Унија и изрази очекувања дека поддршката ќе се интензивира во наредниот период“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателката Сакеларопулу на тет-а-тет средбата му посакала добредојде на претседателот Пендаровски и посочила дека оваа прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија на нивната држава е значајна и ќе придонесе за развојот на односите меѓу двете земји. Сакам да подвлечам дека ние вложуваме во зајакнување на нашите билатерални односи и за вашата европска перспектива, рече претседателката Сакеларопулу.   

„Ќе се согласите со мене дека целосното применување на Преспанскиот договор со добра волја е значајно за развој на нашите односи. Веќе поминаа две и пол години од применувањето на Преспанскиот договор, и треба да признаме дека се направени многу позитивни чекори кон спроведувањето, но сепак постојат доста нерешени прашања. Затворањето на овие отворени прашања ќе придонесе за понатамошен развој на нашите односи.

Ние од наша страна ги разгледуваме сите страни на Преспанскиот договор и се обидуваме да ги решиме сите отворени прашања за подобрување на нашите односи“, истакнала на средбата Сакеларопулу.

Претседателот Пендаровски нагласил дека оваа посета има историска димензија и е значајна како прва средба на највисоко политичко ниво меѓу две соседни држави после триесет години.

„Ние и претходно имавме одлична соработка, но од 2018 година наваму  ја поставиваме таа политичка и правна рамка наречена Преспански договор, која ни овозможи уште подобро да соработуваме. Сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате и до кој ние имаме намера да се држиме во однос на Преспанскиот договор. Тоа е „pacta sunt servanda“, или договорите треба да се чуваат и да се почитуваат", рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски додал дека се согласува со квалификацијата дека многу работи се направени во изминативе две ипол години во имплементација на Договорот. 

„Јас би рекол најголемиот, најтешкиот дел се имплементирани, се разбира има уште неколку работи кои треба да се завршат, и ние имаме јасна политичка волја и намера да го спроведеме тој договор до последната буква“, истакнал претседателот Пендаровски на средбата со претседателката на Хеленската Република.

Претседателот посочил дека Комисијата за историски, археолошки и образовни прашања и Комисијата за трговските брендови имаат договор за следна средба. „Тие имаа одреден застој во работата, но очекувам сега тоа време да се искомпензира, да се надомести и да почнеме со забрзан ритам да ги решаваме преостанатите прашања кои се на агенда“, додаде претседателот Пендаровски на средбата.

„Преспа нас ни овозможи да влеземе во НАТО Алијансата и следната наша цел за која очекуваме ваша помош и поддршка е да почнеме преговори со Европската Унија и да го заокружиме нашиот европски и евроатлантски сон. Да не заборавиме кој е целиот наслов на Преспанскиот договор. Тој не е само за решавање на проблемот со името, туку и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу нашите две држави“, истакна претседателот Пендаровски на тет-а-тет средбата со претседателката Сакеларопулу.

На пленарниот состанок на двете делегации била потврдена поддршката од Хеленската Република за европската перспектива на земјава и земјите од Западен Балкан и била реафирмирана подготвеноста за целосно применување на Преспанскиот договор.

Претседателот Пендаровски истакнал дека доследното спроведување на Преспанскиот договор ќе биде доказ дека Хеленската Република ги почитува преземените меѓународни обврски.

На состанокот, Претседателот се заблагодарил за солидарноста и донираните вакцини, како и за помошта во справување со неодамнешните пожари во Гевгелија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски