„ТОА ШТО ЛУЃЕТО ГО ГЛЕДААТ НА ТЕРЕН...ТОА НЕ СУМ ЈАС“ - Зборови на Коби кои одѕвонуваат ширум планетата
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020
Познатиот кошаркар Коби Брајант (41) загина во Калифорнија, кога се урна хеликоптерот во кој се наоѓал, а со него загина и неговата ќерка со која одеше на тренинг. Жртви во оваа трагедија се вкупно девет луѓе.
Коби за животот во повеќе наврати истакнуваше дека на терен се претвора во друга личност, и дека приватно е многу посмирен и помалку импулсивен.
-Она што го гледаат на терен...Тоа не сум јас. Тоа е некоја друга страна од мене, не умеам тоа да го објаснам најдобро - рече при една прилика, а оваа негова реченица од синоќа наголемо се споменува на социјалните мрежи.
Единствена работа која мора да ја знаете за мене е дека немам филтер кога се работи за мислења. Навистина немам проблем да го кажам точно она што го мислам за некоја личност - рекол Брајант истовремено.
Сите негативни работи, притисок, предизвици... Се тоа се шанси да се истакнам. Ако се плашиш од неуспехот, најверојатно и ќе го доживееш - наведе во едно интервју.