12 Јуни, 2024
0.0294

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Грчкиот весник „То Вима“ пишува дека Стејт департментот на САД не испрати писмото со честитки за македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова. 

Според весникот, Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за првата жена претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, но тоа никогаш не било објавено.

За време на нејзината инаугурација, претседателката Силјановска – Давкова го оживеа долгогодишниот спор за името со Грција, нарекувајќи ја нејзината земја „Македонија“ наместо официјалното име „Северна Македонија“, пишува грчкиот весник „То Вима“.

Во текстот се наведува дека наместо официјално писмо од државниот секретар Антони Блинкен, помошникот државен секретар за европски прашања, Џејмс О’Брајан, упати честитки преку објава на „Х“.

Овој симболичен гест го нагласува внимателниот став на Вашингтон во однос на јавните интервенции по првичните предизвици за спроведувањето на Договорот од Преспа, се вели во текстот.

Извори за „То Вима“ потврдиле дека оваа одлука има за цел да го пренесе незадоволството за прекршување на одредбите од Договорот од Преспа за време на нејзината инаугурација и последователните настани.

Силјановска Давкова денеска кажа дека го почитува Договорот од Преспа. 

Можеби ќе ве интересира

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА - жената е хоспитализирана во Еразмо

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

Османи: Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот

„Оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца“: Демири ги изнесе своите причини за разрешувањето на директорите

„Оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца“: Демири ги изнесе своите причини за разрешувањето на директорите

Лога со реакција за интернет страницата: Дочекавме претседател што не си ја признава државата

Лога со реакција за интернет страницата: Дочекавме претседател што не си ја признава државата

ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА УДАР: Уште еден случај на вандализам во Центар

ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НА УДАР: Уште еден случај на вандализам во Центар

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Панче Тошковски генерален секретар на Владата, Александар Јанев министер за внатрешни работи

Панче Тошковски генерален секретар на Владата, Александар Јанев министер за внатрешни работи

ШТИПСКИОТ КАРДИОХИРУРГ НИКОЛОВ СПАСИ ЖИВОТ ВО СУБОТИЦА НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР: Еве ги деталите

ШТИПСКИОТ КАРДИОХИРУРГ НИКОЛОВ СПАСИ ЖИВОТ ВО СУБОТИЦА НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР: Еве ги деталите

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Дали почнаа гужвите?