19 Април, 2024
0.0270

Тивок аплауз за мерките, ќе бидат потребни и нови

Објавено во: Економија 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Добро е што ги има, ама лошо е што овие економски стимулации најверојатно нема да се доволни. Економските аналитичари кои ги консултираше Фактор велат дека предложениот сет економски мерки ќе залечат некои рани на ранетото домашно стопанство, но предупредуваат дека ситуацијата треба будно да се следи и да се носат, ако е потребно, и нови пакети помош, затоа што според очекувањата, оваа криза ќе зафати голем дел од домашната економија. Никој не знае колку ќе трае оваа криза - ако е пократко тогаш последиците ќе се помали, ако не катастрофални. Владата вчера предложи директни субвениции за погодените фирми во износ од 14.500 денари месечно по вработен, субвенционирање на придонесите, парична помош од половина плата за лицата кои ќе останат без работа поради кризата. Премиерот Оливер Спасовски соопшти и дека платата на функционерите во април и мај ќе биде на ниво на минималната.

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за Фактор вели дека овие мерки ќе бидат доволни сега засега, и очекува дека во наредниот период ќе следуваат и нови чекори од страна на властите. Суштината, според него, е како таа контракција што ќе настане во економијата поради неработењето поврзано со кризата, да не го има својот огромен и премногу уништувачки ефект на краток рок, односно да не биде целиот удар врз стопанството и врз граѓаните во следните два-три месеци, туку да се распореди на подолг период, на пример шест месеци или една година.


Професорот Узунов нагласува дека всушност мерките се базираат на три клучни работи, а тие се солидарност, задолжување, како и стегање на каишот. Смета дека мерките се една оптимална комбинација од овие три елементи.

На прашањето зошто од кратењето беа изземени сите вработени во јавниот сектор, како што претходо побара лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, туку платите на ниво од минималната плата од 14.500 денари ќе им бидат намалени само на функционерите, пратениците и директорите, Узунов смета дека сега засега, немало потреба од толку енормно кратење. Односно, функционерите ќе бидат првите што ќе ја покажат својата солидарност во овие тешки услови.

Во поглед на дилемата што има многу вработени, особено во јавните претпријатија и во државните акционерски друштва кои земаат големи плати, а нема да бидат засегната од мерката, Узунов смета дека нивните директори можат, доколку сакаат, да ги скратат платите на оние вработени кои се екстремно високи.

„Сега засега е ова мерка, да се скратат платите на функционерите, но тоа не значи, доколку кризата потрае, дека ќе нема и нови мерки за сите вработени во јавниот сектор. Затоа, јас на сите вработени, особено оние со повисоки плати, би им препорачал да не ги трошат баш сите пари одеднаш, туку да направат и извесни заштеди, бидејќи не се знае што може да следува во наредниот период“, објаснува Узунов.

И професорот на Факултетот на Југоисточна Европа, Насир Селими вели дека мерките се повеќе од непоходни. Ако САД става толкав стимулациски пакет на располагање, вели, тоа е сигнал дека на економијата ќе и треба поттурнување. Македонија не може да вбризга толку пари, ама вели Селими, мора да  се внимава да не се „шминкаат“ мерки туку да реално да им се помага на компаниите.

„Прво треба да разбереме дека во ова сме сите и секој од нас треба да сноси дел од последиците. Никој нема да е поштеден и тоа нека не го очекува никој. Да биде лесно, нема, ама да се надеваме дека лошите последици ќе бидат послаби. Овој пакет мерки конкретно ќе има некое позитивно влијание, но јас сметам дека Владата мора да ги следи работите на дневно ниво. Како сето ова што е предложено влијае и дали има ефект. Ако не е доволно помошта да се продлабочи. Ние сме мала и ранлива економија, од едно работно место може да биде погодено цело семејство, вели Селими.


Селими смета дека е добро што администрацијата нема да добива пониска плата.

Поранешниот гувернер Љубе Трпески има сличен став.

Ова се добримерки и ќе имаат добар ефект. Во комбинација со потезите на Народната банка треба првично да го ублажат ударот. Секако и се разбира треба ситуацијата да се следи и ако е потребно да се носат и нови мерки, вели Трпески за Фактор.


Економистот Висар Адеми смета дека од новиот пакет мерки е позитивно тоа што платите на вработените во јавниот сектор нема да се намалат.

„Функционерите и така имаат натпросечни плати, но и големи бенефиции, поради што сметам дека нивната загуба ќе биде помала во споредба со другите вработени во јавниот сектор“, смета Адеми.

Негативно во мерките, пак, според него, е тоа што со овој пакет им се помага само на компаниите и на вработените, но многу малку на целото население. Тој смета дека еднократна шомош за сметкигте за струја и за вода не е доволна, бидејќи не треба да се премости само еден месец, туку во плаќањето на комуналните сметки да се даде грејс период од неколку месеци, односно нивното плаќање да почне од јули или од август.

„Исто така, сметам дека во овој период Вадата требаше да го намали ДДВ, односно основните намирници кои сега имаат повластена стапка, да се ослободат од плаќање на ДДВ“, смета Адеми.


Она што, според овој економист, недостасува во овој пакет, но и во оние на некои други држави, се долгорочни мерки, односно политики, чии ефекти не би биле веднаш, туку како подготовка на некоја следна криза.

„Треба да се мисли на стратешките сектори, како што се производството на храна, земјоделски производи, медицински препарати и слично. Не може ние да бидеме постојано увозно зависни од тие производи. Исто така, мора да се мисли на образованието, па субвенциите што се даваат во тој сектор да бидат врз база на иновации, а не само врз основа на печатење на дипломи. Сега кај речиси сите држави мерките се однесуваат на инјектирање на свеж капитал во економијата, но како да не се мисли на тоа како да се собере ‘памет’ за наредниот период, односно што ако после КОВИД-19 дојде некоја друга здравствена или елементарна криза“, вели Адеми.

Н.Н.Ф. – А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји