27 Април, 2024
0.0299

Тиквеш „тимбилдинг“: Сите вработени секојдневно на гроздобер, па во канцеларија

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


На гроздобер од утрото во четири часот, па на работа во канцеларијата во Скопје. Сметководители, одговорни за човечки ресурси, вработени во административниот дел, експерти, енолози, директори на сектори – сите вработени во најголемата винарија во земјава секојдневно прво берат грозје на лозовите насади, после работата ја продолжуваат на своето стандардно место. Не е приказна од кафана, туку е редовна практика во „Тиквеш“, компанијата во која управува познатиот Светозар Јаневски. Во време кога грозјето стаса за берба и треба да се собере, а сезонски работници нема ни за лек, менаџментот на компанијата одлучил на ваков начин да се „билда тимот“ и духот но и одговорноста на вработените кон компанијата во која работат. Не е изземен никој – па без оглед кој на каква позиција работи секојдневно мора да оди на берба. Од Скопје до Кавадарци со автобус, организирано, меѓу 4 и 5 часот наутро.

Откако ќе се заврши дел од работата предвидена за тој ден, вработените повторно се враќаат назад. На работа, во компанијата во Скопје.

Од „Тиквеш“ неофицијално ја потврдија информацијата и најавија одговор на прашањата на Фактор во кои требаше да кажат дали за гроздоберот вработените добиваат дополнителна дневница, зошто не се ангажираат сезонци и дали тоа е тешко, кој одлучил да се прави ваков „тим билдинг“. Кога ќе стигнат одговорите, Фактор ќе ги објави. Во меѓувреме, практиката не престанува се дури не се собере целиот род.


Според официјални податоци кои Тиквеш ги објави на интернет страницата, компанијата поседува 1.000 хектари во сопствени лозови насади, а контролира уште 5.000 хектари.

„Вината на Тиквеш растат на лозја што се облиени од сонце, обработувани со многу љубов и се прават и полнат од страна на врвни експерти во винската индусртрија на светско ниво. Наградите што нашите вина ги освојуваат се крајниот доказ за нашата посветеност кон највисокиот квалитет. Грозјето на нашите лозја се бере рачно и се селктира зрно по зрно, стои на интернет страницата на „Тиквеш“

Фактор веќе објави дека менаџментот на најголемата македонска винарија „Тиквеш“ ги објави податоците од својот бизнис план од кој се заклучува амбицијата на компанијата да ги зголемува приходите од продажба и добивката од работењето. Според планот годинава се очекува продажбата да достигне 28,8 милиони евра и во споредба со лани да биде поголема за 3 милиони евра што е раст над 10 отсто. Станува збор за проектирана продажба на 13 милиони литри алкохол.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра