29 Април, 2024
0.0255

Нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ во Австрија и Азија

Тиквеш со нов рекорд во освоени медали за своите вина

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Вината на „Тиквеш“ донесоа нови успеси од два светски натпревари. Трите вина на Винарската визба „Тиквеш“ кои учествуваа на реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge – Vienna 2017, освоија медали. Во конкуренција од над 12000 пријавени вина од 40 земји, златен медал освои белото вино на „Тиквеш“ Grenache Blank Special Selection (Гренаш Бланк Спешал Селекшн) од бербата 2016, а сребрени медали добијацрвеното вино Alexandria Cuvee (Александрија Куве) берба 2015 и белото вино Temjanika Classic (Темјаника Класик) 2016.

Истовремено, на најголемиот вински натпревар што се одржува на азискиот континент – Decanter Asia Wine Awards 2017, сребрени медали освоија две црвени вина на „Тиквеш“ – Barovo(Барово) и Alexandria Cuvee (Александрија куве) од бербата во 2015, а бронзен медал освои Domaine Lepovo Grand Cuvee (Домен Лепово Гранд Куве), берба 2015.

Со најновите медали од винските натпревари во Австрија и Азија, вкупната бројка на освоени медали за вината „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на престижни светски вински натпревари оваа година се искачи на 60, што претставува рекорд, не само за „Тиквеш“, туку и за сите останати производители на вино во земјава и поширокиот регион.   

„Во последните неколку години бројката на медали и високи признанија што ги освојуваат вината на „Тиквеш“ е во постојан пораст и надминува 50 годишно. Секоја година имаме поголем успех во споредба со претходната, така што и годинава во споредба со изминатиот период освоивме рекорден број медали. Иако станува збор за импозантна бројка, сепак, уште поважно е што овие медали се освоени на престижни меѓународни вински натпревари со исклучително високо реноме. Ваквиот успех нѐ прави особено среќни затоа што покажува дека врвните светски познавачи и оценувачи на вина го препознаваат континуитетот во одржувањето на највисок квалитет на вината произведени во „Тиквеш“ и „Домен Лепово“. Ова е особено значајно, особено за вината во премиум сегментот“, вели генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, потенцирајќи дека ваквиот успех отвора можности за зголемување на извозот на вино во шишиња и истовремено придонесува за јакнење на реномето на целата македонска винска индустрија, што е една од стратешките цели на „Тиквеш“ како нејзин предводник.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг