03 Мај, 2024
0.0254

„Тиквеш“ инвестираше дополнителни 80 милиони денари во модернизација и производство на премиум вина

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија - ИПАРД. Вкупните вложувања на ВВ „Тиквеш“ во реализацијата на овој инвестициски проект надминуваат 78 милиони денари (1,2 милиони евра), од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 30 милиони денари (480 илјади евра).

2

„За нас оваа инвестиција има исклучително значење, затоа со неа одиме чекор понатаму во севкупната модернизација на винарницата во која во континитет вложуваме и која придонесува за производство на вино со висока додадена вредност и премиум квалитет. Дополнително значење за нас е тоа што дел од средствата во проектот се обезбедени од програмите на ЕУ, затоа што на тој начин добиваме дополнителна потврда дека нашите инвестиции се компатабилни со стандардите и приоритетите на Унијата“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски, заблагодарувајќи ѝ се на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за добиената институционална поддршка и партнерскиот однос во текот на реализацијата на проектот.

4

Вкупната инвестиција од 1,2 милиони евра е наменета за набавка на најсовремена опрема која вклучува опрема за одлежување и пакување на виното, како и најсовремена лабораториска опрема.

„Една од главните цели на ИПАРД програмата е натамошно подобрување на конкурентноста на македонските замјоделски стопанства и компании, преку инвестиции во технологија која ќе им овозможи зголемување на додадената вредност на нивните производи и достигнување на стандардите за квалитет на Европската Унија. Со задоволство можам да констатирам дека со финансиските средствата кои се вложени во овој проект за натамошна модернизација на винарската визба „Тиквеш“, оваа цел се остварува на најдобар можен начин“, потенцираше, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ.

Реализацијата на овој проект е продолжение на обемниот инвестициски циклус на ВВ „Тиквеш“ за модернизација и натамошно унапредување на прозводството на врвни вина кој за една деценија надмина 30 милиони евра. Винарницата и понатаму останува посветена кон својот одржилив раст и развој во што континуирано, секоја година, се вложуваат значителни финасиски средства.

3

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија