14 Декември, 2025
0.0400

„The Hub” е нов коворкинг простор во Скопје кој ќе го враќа профитот во заедницата

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2023 09:21

Добивај вести на Viber

Со свечено отворање, утре, на 28 септември, ќе започне со работа „The Hub”, новиот коворкинг простор во Скопје, поддржан од домашната ИТ компанија Адева. Просторот се наоѓа на бул. Партизански одреди, спроти Соборниот Храм и нуди 30 индивидуални бироа за работа, простории за групни и индивидуални состаноци, простор за оддржување настани, како и приватни канцеларии со можност за долгорочно изнајмување. Во просторот на располагање се и опуштен дел за неформални состаноци и релаксација, кујна и други удобности наменети да креираат продуктивна и мотивирачка работна околина.

Од компанијата Адева, која стои зад овој проект и која своето глобално реноме го стекна токму на наоѓање решенија за новата работна реалност велат дека ова е уште еден одговор на предизвиците на денешницата во која границата помеѓу работата и работно место во традиционална смисла, се’ повеќе се оддалечуваат меѓусебно.

„Новото нормално сега е само нормално. Живееме во време во кое секој може да работи со секого, време во кое можеме да бидеме најдобри во тоа што го работиме без разлика каде сме. Релацијата помеѓу работата и работното место како што го знаеме исчезнува - работата се почесто се мери преку вредноста што ја креираме, не со времето што го поминуваме на работното место. Голема улога тука има и самото место на работа, кое денес мора да биде флексибилно, да стимулира продикувност и да креира конекции помеѓу луѓето. Токму тоа ќе го понудиме во нашиот коворкинг простор кој ќе понуди оптимален баланс помеѓу работата, животот и заедницата“, изјави Тошо Трајанов, ко-основач на Адева.

Од новиот коворкинг велат дека очекуваат местото да биде прв избор за сите оние кои претпочитаат флексибилност кај работното место - за тие што се во движење, за фриленсерите, дигиталните номади, стартап тимовите, како и за оние кои сакаат привремена промена на работното секојдневие, но не само поради удобностите и функционалноста, туку и ради заедницата и настаните што ќе ги понуди местото, што ќе биде всушност и обединувачка точка за сите оние кои ќе го посетуваат The Hub.

„The Hub ќе понуди широка лепеза на настани кои ќе поттикнат значаен раст и промени, како на индивидуално ниво, така и во рамки на индустријата, но и во целото општество. Зборуваме за обуки, работилници, хакатони за општествено добро, сесии за добросостојба и враќање во баланс. Ќе ја вклучиме не само стручната заедница туку и сите оние кои имаат интерес да се вклучат или да ги прошират своите знаења или сметаат дека можат да придонесат заедно да направиме промени. Дополнително, целиот профит што ќе го остварува The Hub, ќе биде вратен и реинвестиран во заедницата, што е уште еден доказ за нашата целосна посветеност на овие вредности.“, вели Александар Стамов, Директор за луѓе на Адева, кој на оваа позиција доаѓа од престижната компанија Apple за која повеќе години работеше во нивниот трет најголем глобален комјунити центар во Дубаи.

Инаку, новиот коворкинг простор, во согласност со вредностите кои ги промовира, ќе понуди флексибилни пакети за користење на местото, дневни и повеќе дневни пакети, приватни простори за поединци и помали тимови, како и пакети за пристап само до заедницата и настаните. Сето ова ќе биде менаџирано преку мобилна апликација  преку која посетителите ќе може самостојно да управуваат и да ги резервираат сите функционалности што ги нуди „The Hub“. Преку истата апликација во тек на месец октомври заинтересираните ќе можат да си резервираат бесплатни работни часови на станиците за работа или некоја од другите простории за од прва рака да го почуствуваат искуството пред да станат членови на хабот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија