Теута Арифи, функционер, судија и адвокат добија кривични пријави
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022 16:57
Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи „заработи“ кривична пријава.
Општина Тетово на чело со градоначалникот Биљал Касами поднесе кривична пријава против екс градоначалничката Арифи, како и еден функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари. Касами објасни дека се работи за случај на експропријација кој датира од 80-тите години, кога вредноста била 3 милиони денари, а повторно бил активиран во 2015 година, кога е пресметана камата.
„Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните“, рече Касами.
Кажа дека од добивањето на мандатот само за камати платиле над 29 милиони денари или приближно половина милион евра.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




