01 Мај, 2024
0.0424

„Тетекс“ најави дивиденда од ТТК Банка! Колкава ќе биде?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Во својот финансиски план „Тетекс“ најави дека очекува финансиски приходи годинава од речиси 800.000 евра. Од тоа половина би можело да биде од дивидендата на неговите акции во ТТК Банка што пак значи дека може да се очекува бруто износ од едно евро дивиденда за акција

Тетовски „Тетекс“ објави дека очекува дивиденда од своите вложувања меѓу кои има удели и акции во скопската ТТК Банка во која поранешниот текстилен гигант е најголем акционер. Информацијата е јавно достапна и објавена во финансискиот план на „Тетекс“ достапен на веб страницата на Македонската берза на следниот линк SEI Net V2.

Според јавно достапните информации вкупните финансиски приходи на „Тетекс“ се очекува да изнесуваат 797.000 евра. Значаен дел од тие очекувани средства, кои искуствено може да достигнат и 50 отсто до целиот план, произлегуваат од дивидендата што „Тетекс“ како најголем акционер ќе ја очекува од ТТК Банка.

„Тетекс“ во оваа деловна банка поседува 41,5 отсто од сите акции што значи околу 376.800 акции. Доколку се реализираат очекувањата базирани на искуства од претходни години би можело да се очекува дека бруто дивидендата за секоја акција на ТТК Банка би изнесувала едно евро во денарска противвредност.

Тоа дека ќе следува дивиденда иако е уште неофицијално сепак е многу извесно особено затоа што „Тетекс“ ја ставил во својот годишен финансиски план. А извесно е затоа што „Тетекс“ е убедливо најголем акционер во ТТК Банка и одлучувачки глас за тоа дали ќе има и колкава ќе биде дивидендата.

Во финансискиот план е најавено и дека „Тетекс“ годинава очекува 1,19 милиони евра добивка пред оданочување.

Во таа добивка финансиските приходи би учествувале со 797.000 евра, а од оперативното раотење на компанијата добивката би била 393.000 евра.

Оваа вест позитивно ќе одекне кај сите актуелни и потенцијални акционери на ТТК Банка. Според најновите податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност таа банка има речиси 1.800 домашни акционери физички лица кои поседуват 39 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“