27 Април, 2024
0.0266

Тешко ќе се реши името, тврди грчки политичар

Објавено во: Балкан 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на опозициската Нова демократија, Костис Хаѕидакис, во интервју за грчката телевизија Скај вели дека личната проценка е дека прашањето за името е тешко да се реши, а со тоа и тешко дека евентуален договор би стигнал до грчкиот Парламент. 

Тој вели дека од другата страна не постои соодветен одговор и очекуваат да видат што ќе се случи во следните денови. 

„Се чини дека прашањето е многу тешко да се реши затоа што и од другата страна, од страна на Скопје не постои потребната флексибилност. Да ви кажам најискрено, ова не е нешто што ме изненадува“- вели потпретседателот на опозициската Нова демократија, кусо откако заврши прес-конференцијата во Скопје на шефовите на македонската и грчката дипломатија.

Костис Хаѕидакис не е оптимист дека актуелната грчка Влада би можела да донесе догвор во Парламентот, а доколку го стори тоа, според него, по реакциите кај народот, ќе смени тактика.

„Ако донесе не исклучувам различни начини да ги најде гласовите што се потребни за да помине во Парламентот. Но, сигурен сум дека ако донесе таков договор врз база на сегашните факти, би постоеле големи реакции од народот и бидејќи во СИРИЗА не се наивни, може да ја следат тактиката на одложување, нешто да направат и да не го донесат“ - рече Хаѕидакис за ТВ Скај.

Сепак тој повторува дека ова е само негова лична проценка. 

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас денеска е во посета на Македонија на средби со државниот врв. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната