ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица
Објавено во: Македонија 20 Април, 2024
Во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани денеска загинаа две лица.
Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој патен правец се случила тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу два автомобили.