Тениската легенда убедена во доминацијата на Новак: Ќе освои уште најмалку три грен слемови
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2023 21:28
Седумкратниот грен слем шампион, легендарниот Џон Мекинро изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да победува на Грен слем турнирите, верува дека тоа ќе го направи уште најмалку два-три пати, воодушевен од неверојатната доминација на Србинот и освојувањето во Мелбурн.
Со триумфот над Циципас, Новак ја освои својата 10. титула на Австралија опен и 22. Грен слем куп.
- Кога ќе се сетам што се случи пред една година, очигледно е дека Новак многу размислуваше за тоа цело ова време. Потоа ја доби таа повреда и имаше различни прашања дали воопшто ќе може да игра. Па, мислам дека тој одговори на сите тие прашања - изјави Мекинро за Еуроспорт.
Бурата од емоции на Новак беше посебна приказна, тој го прослави овој Грен слем како ретко досега - токму поради се што му се случи една година претходно во Мелбурн.
- Никогаш не сум го видел Новак толку емотивен како сега кога победи. Многу работи се случија во неговата последна година. Тој е неверојатно издржлива личност. Тој е драгоцен за нашата игра и не само што е феноменален спортист, феноменален тенисер, тој е, морам да кажам, и феноменален човек - убави зборови за Новак - изјави Мекинро.
Американецот е убеден дека Новак ќе освои повеќе титули од големите четири турнири во годините што следат.
- Во овој момент тешко е да не се види дека ќе освои уште најмалку две-три титули, минимум. Роџер, мислам, освои три после 35 години, Рафа исто тројца. Ѓоковиќ е феноменален спортист, веројатно најдобар од сите тројца, и како спортист, но и во поглед на брзо закрепнување од повредите, а досега немал поголеми проблеми со повреди на ногата, па лесно можам да го видам како победува на уште најмалку три грен слем купови - дополни Мекинро.
Фото: Принтскрин/ТвитерМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




