26 Април, 2024
0.0306

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

Објавено во: Финансии 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во првото полугодие од годинава, „Македонски телеком“ прикажа нето добивка од 692,8 милиони денари, или 11,2 милиони евра. Тоа е помалку за 21,3 отсто споредено со истиот период лани. 

Оваа телекомуникациска компанија ги објави своитре финансиски резултати преку Македонската берза.

Во образложението се вели дека намалувањето на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во првите шест месеци од 2020 година е за 2,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

„Следствено, EBITDA маргината во првите шест месеци од 2020 година изнесува 42,2 отсто. Доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година EBITDA бележи благо намалување од 0,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Исто така, EBITDA маргината (без трошокот за отпремнини) во првите шест месеци од 2020 година изнесува 43,3 отсто“, се вели во образложението.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) за првите шест месеци од 2020 година е намалена за 19,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 823,8 милиони денари. Доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година EBIT е намалена за 13,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, се вели во образложението.

Нето добивката е 11,2 милиони евра за првите шест месеци, што е намалување за 21,3 отсто во споредба со истиот период лани. Од Телеком појаснуваат дека доколку се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година нето добивката бележи намалување од 15 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Од компанијата велат дека како и другите компании во земјата и глобално во светот и тие се погодени од пандемијата на КОВИД– 19 која негативно влијаеше на финансиските перформанси на МКТ, особено во месеците кога се беше затворено.

„И покрај тоа што точното влијание на кризата од корона вирусот на финансиските перформанси на МКТ не може со сигурност да се одреди, очекуваме негативно влијание на продажбата, особено во при-пејд сегментот и роаминг услугите. Иако може да имаме краткорочно влијание во 2020 и 2021 година, во овој момент не очекуваме значајно влијание на нашите долгорочни планови“, се вели во образложението на финасиските резултати на „Македонски Телеком“.

Инаку, компанијата најави дека дивидендата за минатата година ќе биде исплатена до 30 септември годинава.

„Собранието на акционери на МКТ на состанокот одржан на 30 јуни 2020 година ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда за 2019 година и утврдување на дивиденден календар. Во согласност со оваа Одлука дивидендата за 2019 година е во вкупен бруто износ од 1.328.387 илјади денари. Бруто износ на дивиденда по акција за 2019 година е МКД 15,40“, се вели во Образложението за работењето на Македонски Телеком АД – Скопје за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година досставено до Македонската берза.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната