Таткото на Коста Кецмановиќ на сослушувањето рекол дека не е виновен
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2023 20:07
Владимир Кецмановиќ, таткото на Коста, детето кое завчера уби 9 луѓе во училиште во Белград активно се бранел на сослушувањето. Тој рекол дека не е виновен за стореното кривично дело што му се става на товар и детално ја изнел својата одбрана.
Обвинителството ќе му предложи на судијата осомничениот да биде притворен поради ризик од влијание врз сведоци, повторување на кривичното дело и вознемирување на јавноста. Сослушувањето на Владимир Кецмановиќ траело околу три часа.
Таткото е сослушан поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата безбедност“. Се сомнева дека во претходниот период Владимир Кецмановиќ го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција така што го однел на стрелиште да вежба гаѓање цели со огнено оружје и покрај тоа што момчето има само 13 години. Постои сомнеж дека таткото постапил спротивно на одредбите од Законот за оружје и муниција и спротивно на Правилникот за просторно-технички услови за безбедно чување на оружјето и муницијата бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и чување на оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да не ја одвоил посебно во заклучен сеф кој не може лесно да се отвори. Србија е завиена во црно. Доцна синоќа друго момче изврши масакр во Младеновац, уби 8 луѓе и рани 14.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




