Татјана Стојановска со сопругот одбраа филмска локација за летување: Парот ужива во прошетките во бисерот на Јадранот
Објавено во: Стил 28 Август, 2024 18:26
Презентерката на вести и една од поубавите дами кај нас Татјана Стојановска ова лето со сопругот Михаил уживаат во бисерот на Јадранот.
Како дестинација за одмор и прошетка го одбрале Дубровник, градот на историјата кој е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

За прошетката низ Дубровник, Татјана одбрала фустан со миди должина со црно бели цветови и бели балетанки. Препознатливата по нејзината кадрава коса, Татјана ја пуштила во нејзината природна форма.

Инаку, Дубровник е место кое секоја година е посетено од илјадници туристи кои преку прошетки, како и локална храна посебно го доживуваат, едноставно како да патуваат низ минатото преку уникатната архитектура која ја поседува овој град.

Посебно интересни за туристите се знаменитостите во Дубровник, главната фрекфрентна улица на стариот град, Страдун, Кнежевиот двор, црквата Св. Влах, Катедралата, како и Градското собрание.

Изминатите неколку години Дубровник го зазема приматот на град кој има одлични предиспозиции за филмски сцени. Некој од познатите локации на овој град се вистинска туристичка атракција откако беа прикажани во некој од познатите филмски блокбастери и серии.
Извор: Женски магазинМожеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




