„ТАРАВАРИ ИМАЛ БЕЛ ЛИСТ ЗА ДА НАПИШЕ КОЛКУ ОПШТИНИ САКА“: Муртезани за довчерашниот коалиционен партнер
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 06:00
Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој одлучи да оди сам на избори и повеќе сакаше да оди во прегратките на ДУИ. Допрва ќе видиме како неговото приклучување кон Европскиот фронт ќе влијае врз рејтингот, рече синоќа министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Како што истакна Муртезани во „Само интервју“, целта на локалните избори е владејачката коалиција да добие најмалку 50 отсто од општините за да ги порази Ахмeти и Таравари.
Тој уште еднаш кажа дека Владата е стабилна и дека сите инвестиции и промени што ги реализира ќе бидат препознаени од граѓаните.
-За нас е битно да победиме на локалните избори, да имаме мнозинство добиени општини. Според нашите проценки, тоа не е недостижно зашто стоиме убедливо добро од Липково до Тетово. Во Гостивар се менуваат односите, но тоа не значи дека ќе има многу пореметувања на национално ниво. Се создава простор да приближиме до нас и други политички актери и бизнисмени и претставници од невладиниот сектор, истакна Муртезани.
Коментирајќи го објаснувањето на Таравари дека една од причините зошто излегол од коалицијата е застојот во евроинтеграцискиот процес, Муртезани рече дека ништо посмешно не слушнал во својата десетгодишна политичка кариера.
-На сите владини седници, особено на тие посебните не се сеќавам дека Tаравари присуствувал. Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата поради евроинтегративниот процес, а наместо да даде придонес за што имаше можност, тој одлучи да оди во прегратките на Али Ахмети, нагласи министерот.
Муртезани нема информации, како што напомена, дека Таравари наводно поради уцени заминал од Владата.
-Сигурно е нешто големо, против својата волја, волјата на коалицијата и поддржувачите штом преземаш чекор што ќе ја потресе партијата и што ќе ти го наруши кредибилтетот. За нас е голема енигма зошто Таравари наместо да биде дел од продолжувањето на трендот на промени на оваа Влада, одлучи да се приклучи кон Ахмети, рече Муртезани.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




