19 Декември, 2025
0.1595

Тајно гласање - опција за постапката за уставни измени

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018 08:51

Добивај вести на Viber



Постои отворена можност пратениците на Собранието на РМ да гласаат тајно за уставните измени и имплементирање на Спогодбата од Преспа, откако би се обезбедило двотретинско мнозинство за истото, тврдат одредени македонски медиуми.

Деловникот на Собранието во однос на тајното гласање:вели дека може да се одлучи гласањето да биде тајно по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат десет пратеници.

Тајното гласање за предлогот во целина се врши на тој начин што во гласачкото ливче се наведува предлогот и зборовите “за” и “против”, а гласањето се врши со заокружување на еден од наведените зборови. Претседателот на Собранието по завршувањето на гласањето ги соопштува резултатите од гласањето и врз основа на резултатот констатира дали предлогот за кој се гласало е усвоен или одбиен.

Проценките се дека на парламентарното мнозинство треба да обезбеди уште девет пратенички гласа за да почне постапката за уставни измени. Квалификувано мнозинство потоа ќе биде потребно и во финалната фаза од измените на Уставот.

Во моментов оние пратеници од опозицијата кои сакаат да соработуваат наедно стравуваат од јавна осуда во својот политички кампус, па тајното гласање би било логичен чекор за да се обезбеди нивната поддршка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот