23 Април, 2024
0.0442

ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ ЗА „КОЛАЧОТ“ НА ПОШТА - дел од осумте банки се откажале, дел во трка со понудите

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ништо не е искомплицирано. Во тек е процедурата за избор на банка со која Македонска пошта ќе го склучи договорот за вршење на платниот промет.

Ова за Фактор го тврди првиот човек на Пошта, Ејуп Рустеми, кој нагласува дека во моментов тим формиран од Македонска пошта преговара со неколкуте банки кои имаат доставено понуди за да го преземат платниот промет во поштенските единици, по пропаѓањето на Еуростандард банка.  

„Додека трае процесот на преговори јас не смеам да кажам ништо, односно не смеам да откријам никакви детали“, вели Рустеми.

Според директорот, преговорите со банките ги води тим од Пошта, кој е избран од Управниот одбор на оваа институција. Тимот задолжен за преговорите би требало најдоцна за две недели да ги оцени понудите од оние банки што ги доставиле.

„За две недели треба да заврши процесот на преговори кои ги води самата Пошта, и треба да биде готова еваулацијата на сите понуди што беа доставени, односно на условите што ги нудат банките. Потоа ова се доставува до Управниот одбор на Пошта, па до Надзорниот одбор. Управниот одбор потоа на Владата ќе и ја предложи банката која е избрана, и на крај, врз основа на сето ова, ќе мора да пресече Владата, односно таа да ја донесе конечната одлука“, вели Рустеми.

Како што беше објавено во медиумите, интерес за склучување договор со Пошта пројавија осум банки. НЛБ банка официјално соопшти дека пројавила интерес за соработка, а според информациите, интерес пројави и ТТК банка.

Но, дали сите осум банки доставиле и понуди за преземање на платниот промет на Пошта?

Според информациите, некои од овие осум банки и доставиле понуди, а некои се откажале од намерите да го преземат платниот промет.

„Кога ќе заврши целиот процес, јавноста ќе биде навреме информирана за изборот на банка“, вели Рустеми.

Според одредени информации, за да се избере банка што ќе го склучи договорот, големо значење ќе има компатибилноста на софтверот што го воспоставила Еуростандард банка во поштенските единици.

„И ние сакаме процесот на преговори да заврши што побргу, но мораме да ги почитуваме процедурите и законските норми. Всушност, од понудата на банките ќе зависи рокот кога ќе се склучи договорот“, вели Рустеми.

Како што е познато, платниот промет во Пошта се до 12 август годинава го вршеше Еуростандард банка. Но, тогаш и беше одземена дозволата за работа и банката отиде во стечај. Со тоа се стопираше и вршењето на платниот промет во поштенските единици.

„Македонска пошта не врши платен промет, бидејќи нема деловна банка. Ние во Пошта не смееме да вршиме платен промет, и затоа мора да се избере банка“, објаснува Рустеми.

Според него, без разлика на моментаните проблеми и загубите поради невршењето на платниот промет, Македонска пошта продолжува да работи. Ниту еден вработен не е отпуштен, ниту тоа се очекува. Рустеми вели дека нивна главна дејност се писмоносните услуги, и тоа се одвива без проблеми. Се досега вработените редовно ја земаат својата плата, а завчера била исплатена септемвриската.

Во Пошта има 2.300 вработени.

Се додека трае постапката за избор, ќе остане енигма кој ќе го земе овој доходовен бизнис.

Инаку, денеска е првото рочиште за стечајот на Еуростандард банка, по што ќе биде појасно колку од заробените пари во банката ќе можат да си наплатат доверителите од стечајната маса.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска