28 Април, 2024
0.0273

Свирни за вистината - бори се и ти со корупцијата

Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

НОВАТВ влегува во нова авантура, наречена свирни.мк (https://svirni.mk/) за да и помогне на Македонија да се справи со корупцијата која со години ја „јаде“ нашата држава, ја осиромашува и ја става на европското дно на просперитетни земји. Сајтот свирни.мк е нов инструмент преку кој лесно, анонимно и без никава опасност може да се стане „свиркач“ и да се пријави корупција.

Укажувач или популарно - свиркач е оној граѓанин кој во име на правдата се охрабрува да изнесе на виделина информации кои откриваат корупција, криминал и други незаконити дејствија на поединци и организации. Свиркачите често се изложени на ризици кои можат да го загрозат нивниот професионален, личен, па дури и физички итегритет, особено ако информациите кои ќе ги изнесат компромитираат моќни групи во владите и корпорациите.

Тимот истражувачки новинари на НОВАТВ одамна работи на корупцијата во Македонија и има обелоденето повеќе злоупотреби на парите на граѓаните. Тие пари можат да се употребат за повеќе социјална заштита, за подобри патишта, за безбедност во сите области наместо да завршат во џебовите на корумпираните политичари и јавни службеници.

Се надеваме дека вашиот медиум ќе ја поддржи оваа корисна иницијатива.

Дополнителни информации како и деталите за пријавивање корупцијата и безбедноста на свиркачите можете да ги најдете на сајтот свирни.мк, преку мејлот tvnovaweb@gmail.com или нателефонот+389 2 311 1000.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг