03 Мај, 2024
0.0245

Светските нафташи за два месеци се задолжија 63 милијарди долари!

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Водечките светски нафтени компании имаат издадено во првите два месеци од оваа година обврзници во рекордна вредност од 63 милијарди долари, искористувајќи ја предноста на историски ниски трошоци на задолжување за да ја зголемат дивидендата и подобрат рамнотежата.

Според податоците на американската инвестициска банка Морган Стенли, само американските и европските нафтени гиганти како „Ексон мобајл“, „Шеврон“, „Бритиш петролеум“, „Тотал“ и „Статоил“ издале нови обврзници во вредност од 31 милијарди долари.

Тоа е речиси половина или 48 отсто од вкупно издадените должнички хартии од вредноста на новите нафтени и гасни компании во светот во јануари и февруари.

Од почетокот на годината, „Ексон“ издаде обврзници во вредност од осум милијарди долари, по што следи „Тотал“, „БП“ и „Шеврон“ со шест милијарди долари.

Вредноста на нивните издадени обврзници од 31 милијарди долари е повисока од претходниот рекорд од првиот квартал на 2009 година од 28 милијарди долари.

Падот на цените на нафтата за повеќе од 50 отсто од јуни минатата година ги притисна нафтени компании, принудувајќи ги да ги намалат инвестициите и продажбата на имотот со цел да се одржи силен биланс и висока исплатата на дивиденди.

Сепак, повеќето од овие компании се уште им е потребно зголемување на задолжувањето со цел да се постигнат овие цели, со оглед на остриот пад на цените на нафтата.

Екстремно ниски каматни стапки во Европа и САД, како резултат на лабавата монетарна политика на централните банки, им овозможуваат на големите компании да позајмуваат по историско ниски трошоци, а нафтените компании, исто така земаат нови, евтини кредити за потенцијалните придобивки во секторот, кои се очекуваѐт во втората половина од годината, заклучува „Морган Стенли“.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски